21.10.2020

Како да ја посетите Италија од дома?

Како да ја посетите Италија од дома?

Од денеска започнуваме со уште една кампања наречена „Патувајте од дома“. Чекајќи да се отворат границите забораваме како е да се биде турист во Европа и низ целиот свет. Нашиот тим и покрај скратените крила од коронавирусот во наредниот период ќе ви организира патувања низ многу земји кои важат за #топ туристички дестинации. Овојпат патувањата ќе бидат поразлични од досегашните и наместо да ги спакувате куферите, ние ќе се потрудиме да ги донесеме туристичките дестинации во вашиот дом.

Патувањата ги организираме во соработка со КликниЈади кои ќе се погрижат да ја достават храната која ние ќе ви ја препорачаме за едно одлично патување од дома.

Зошто баш „Кликни Јади“? Затоа што имаат секаков избор на храна, а храната е еден од главните симбили со кои се одликува една земја. Покрај тоа, доставата е безконтактна и безбедна.

Денеска ќе патуваме во Италија. Но пред да започнеме да со советите за како најдобро да ја запознаете Италија од дома, отворете на  www.kliknijadi.mk и нарачајте италијански специјалитети.
Ресторани кои ги препорачуваме со италијанска храна:
Cucina Pizza   Vdenica  Veneto

Што ви препорачуваме од италијански специјалитети:
Њоки со четири вида сирење, тортелини со мелено месо, шпагети со домати и босилок, равиоли со рикота и спанаќ, морски плодови, наполитана пица или познатата маргарита пица. Додека ја чекате доставата која е за Скопје, можете да ја адаптирате вашата дневна соба во италијански амбиент:

1.ПРЕЗЕМЕТЕ ИТАЛИЈАНСКА МУЗИКА:

Препорака за италијанска музика од тимот на Кајак.мк е од следните изведувачи:

Андреја Бочели. Како оперски тенор, има издадено четри комплетни опери, Како дете Бочели свирел на црковни оргули, и на возраст од 12 ја добил наградата „Margherita d'Oro in Viareggio“ со песната „O sole mio“.

Ресторани кои ги препорачуваме со италијанска храна:
Pizza Truck

Лаура Паусини. Фантастичниот глас на италијанската поп дива Лаура Паусини неодамна го објави својот нов албум „Fatti Sentire“.

Ерос Рамацоти. Рамацоти е многу популарен во Италија земјите кои спаѓаат во шпанското говорно подрачје, поради фактот што тој ги издал повеќето негови албуми на италијански и шпански јазик. Рамацоти нема кој не го знае во Македонија.

2.СЛУШТАЈТЕ ИТАЛИНСКО РАДИО КАКО ИТАЛИЈАНЦИТЕ
Ако сепак сакате миск од италијанска музика и да се во тек со тоа што во моментов го слушаат италијанците, ви препорачуваме да си вклучите онлајн радио станици. Најпопуларни музички радио станици во Италија се следните: Radio24, Radio Radicale, ICN Radio, Radio Italia и Radio Popolare.

3. ГЛЕДАЈТЕ ФИЛМОВИ ОД ИТАЛИЈАНСКО ГОВОРН ПОДРАЧЈЕ)
Кога веќе ќе пристигне вашата храна од КликниЈади, започнува патувањето. Наш предлог со храната е да погледнете некој од најдобрите и популарни италијански филмови преку кои ќе запознаете доста локации ширум државата.

1.THE GREAT BEAUTY
Преку овој доста популарен филм ќе се запознаете со Рим. Главниот град на Италија. Ќе научите за  раскошниот ноќен живот на Рим со децении но и градот во целост.

2.LIFE IS BEAUTIFUL
Дефинитвно една од најдобрите дестинации во Италија, популарниот регион Тоскана. Филмот е исполнет со историја, па покрај регионот, ќе научите многу и за животот на евреите во овој регион.

3.CINEMA PARADISO
Приказна за едно младо момче и неговиот живот на Сицилија.  Филм кој ја открива убавината на италијанските жени и врските со нив.

4. THE TRIP TO ITALY
Сакате да научите многу повеќе за инталијанската храна? Тогаш ова е вистински избор за вас. Италијански ресторани со морска храна и маслиново масло колку сакате.

5. UNDER THE TUSCAN SUN
За сите заљубени парови кои ќе уживаат сами дома, ова е наша препорака.

4.ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОИ ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКУМЕНТАРКИ

За оние кои што се интересираат за државата во детали, ние ви предлагаме да погледнете некој од најдобрите документарни филмови за Италија:
1. Pope Francis: A Man of His Word

2. The Truffle Hunters

3. Palio

4. Francesco's Venice

5. Florence: Days of Destruction

6. Rome: Rise and Fall of an Empire

5.
НАУЧЕТЕ ГИ ОСНОВНИТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЗБОРОВИ

Денеска сте дома, но тоа не значи дека Италија нема да ја посетите во иднина. Тимот на Кајак.мк ве советува да ги научите основите италијански зборови. Отворете YouTube, Google или преземете апликации на вашите смарт телефони. Има многу креативни и забавни начини за учење. Тоа го намалува стресот и досадата дома. Затоа вложете во себе за да бидете прав италијанец кога ќе ја посетите ова земја во блиска иднина. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Џакузи под отворено небо во Македонија: Вила достапна на Кајак.мк

На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо.

Македонија ја доби најуникатната планинска дрвена куќичка за престој

Кајак.мк е платформа која секогаш прва ги соопштува сите новитети во Македонија, и со особено задоволство објавуваме дека земјата можеби го добива едно од најуникатните планински сместувања во североисточниот дел.

Ова не е во Швајцарија — Ова е Македонија! Нов планински хотел со поглед кој освојува

Хотел Белица во Горна Белица. Нов и модерно реновиран хотел кој мора да го посетите!

Вила со базен со солена вода, џакузи и сауна во Дојран достапна на Кајак.мк

Сместувањата во Дојран добиваат силна конкуренција со појавата на нова, модерна вила која нуди врвно уживање и релаксација. Располага со базен со солена вода, џакузи и сауна – совршена комбинација за одмор и опуштање.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.