23.03.2021

Сакам да ги мотивирам луѓето со убавините на Македонија

Сакам да ги мотивирам луѓето со убавините на Македонија

Кога надвор блеска пролет, а снегот не престанува да паѓа, она што нам ни преостанува е да се фокуираме на добрите приказни за жените хероини кои искачуваат планини во Македонија. Денеска сакаме да ве запознаеме со Сања, девојката која веќе неколку години наназад има искачено многу врвови на Балканот и низ Европа, а која е вистински мотиватор за сите оние кои се заинтересирани да започнат да се бават со планинарство.


Сања е на планината е присутна веќе осум години, од кои шест интензивно, што може да каже и без да прескокне викенд.

Во планинарењето се заљубува во 2013 та година кога била на патување во Velden на езерото Wörthersee,едно од најпознатите летувалишта во Австрија. Таму успева да искачи неколку врвови до 2000 метри надморска височина, да престојува во планинарски дом, да посети повеќе езера кои го карактеризираат овој регион.


По враќањето во Македонија, се решава да продолжи да оди по планините и да ги истражува убавините кои ги нуди Македонија. Започнува со планинарење преку друштвото „I love hiking“ кој денеска е официјален клуб во кој таа членува. 

Почетоците и се по лесни патеки, како планинарење и велосипедизам на Водно, Скопска Црна Гора, Китка и полесни планинарски патеки во околината на Скопје по што планината и станува нејзина пасија.


Сања добива поддршка од нејзините најблиски. Вели дека ја поддржуваат затоа што знаат дека тоа вистински го сака ова.

На нашето прашање кои и биле потешките искачувања, Сања вели дека врвот Љуботен кој во 2018-та година го има искачено со велосипед и останал како потешка тура во Македонија. Годинава сака повторно да го посети, за да се увери дали било навистина така.


Таа обожава да патува со добра екипа. Омилени за нејзините планинарски авантури и се Дејан, Филип и Даниел со кои имала многу заеднички искачувања, авантури и дружби. Нив засега не би ги променила за ништо, ниту на подолг рок.


Доколку замине на планинарење со омилената екипа, мотивација не и е потребна. Вели дека единствена мотивација е врвот. Истражуватата и подготовките за турата ги прави заедно со екипата пред секое поаѓање на планина Но, доколку замине на планинарење со помалку подготвена екипа, вообичаено таа е личноста која ги мотивира останатите.


2021-ва година Сања ќе ја помине на македонските планини. Вели дека има прекрани убавини кои вредат да се посетат. Има посетено многу места на кои сака повторно да се врати.


Таа ги советува сите кои размислуваат да отпочнат со планинарење да несе двоумат. Додава дека планинарењето, планинскиот велосипедизам се спортови кои бараат физичка подготвеност. Затоа според неа најдобро е да се започне со физичка подготвка во околината каде живеат. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.