24.08.2021

Македонија има своја рајска долина која вреди да ја посетите

Македонија има своја рајска долина која вреди да ја посетите

Гастрономското патување на Кајак.мк низ Македонија продолжува во регионот на Охрид. Охридскиот регион не е само езеро и историја. Регионот може да се пофали со недопрена природа, здрава и вкусна храна и уникатни приказни на локални херои кои својот живот го посветиле градејќи нешто автентично на природата.


Она со кое денеска ќе ве запознаеме е дел од нашата листа на дестинации за еко тим-билдинг патувања кои започнавме да ги организираме, а кои патувања вреди да им ги понуди секоја компанија на своите вработени. За оние кои се уште не аплицирале за тим-билдинг патување, тоа може да го сторат со еден клик ОВДЕ.


На само 15 километри од патниот правец од Охрид кон Ресен и на 3 километри пред селото Куратица се наоѓа рибниот ресторан „Рајска Долина“. Тимот на Кајак.мк разговараше со Зоран и Тони. Двајца страсни рибари, кои љубовта кон спортот ги поттикнала да отворат свој рибарник изграден од лесни и природни материјали кои ќе се вклопат со природата.


Рибниот ресторан работи седум години по ред и исклучиво во летниот период. Сезоната им започнува до месец мај и трае се до октомври пред да започнат обилните врнежи и студот.

Зоран вели дека големата желба кон рибите и риболовот ги поттикнала да отпочат свој бизнис преку кој ќе одгледуваат риба, а подоцна и ќе ја продаваат во свој ресторан. Пред цели 10 години започнале со градење на рибникот, а летниот ресторан го изградиле две години подоцна.


Местото на кое е изграден рибникот е погоден за чување риба. Чиста вода од самите извори кои се во непосредна близина и недопрената природа се причината поради која стекнуваат редовни гости.

Тие велат дека најголеми комплименти добиваат од странските туристи кои ретко искусиле таква природа и кои го искористуваат денот да уживаат покрај течението на реката.


Од месо се служи исклучиво риба и тоа Охридска пастрмка, речна пастрмка и крап. Поради тоа што самиот рибник се наоѓа на река која е на охридско сливно подрачке, законски е забрането одгледување на друга риба.

Доколку гостите имаат желба може сами да уловат риба, особено на рибникот/езерото за крап кој преставува вистинска атракција.


Порај рибата, се служат и стандардните самати и овчото сирење од селото Плаќе.

За рибниците и рибите потребна е грижа во текот на цела година. Одвојување на големите од малите риби, хранење, чистење и оддржување, вели Зоран. Но додава дека покрај рибите редовни другари им се и патките, кокошките и зајаците кои ја уживаат природата и бенефитите од местото.


Рибникот „Рајска долина“ може да го најдете во нашата нова база „Гастрономија“ каде ќе најдете локација и директен контакт од домаќините. Повеќе инфо со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Јасмина Цветковска

    16.08.2022 15:56

    Се пофално.. Убаво уредено, одлична услуга, предобра храна.. Секој кој може треба да појде..

  • Igor stefkovski

    15.08.2022 08:37

    Neli oh pastrmka ja zabranija so zakon?

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.