15.08.2022

Нашата семејна винарија во село Пепелиште го прави ова селце атрактивно за посета

Нашата семејна винарија во село Пепелиште го прави ова селце атрактивно за посета

Тимот на Кајак.мк им се восхитува на малите семејни винарии кои вложуваат многу труд и љубов во работењето. Отсекогаш сме зборувале дека малите винарии имаат душа, а луѓето кои стојат позади нив се достапни за секој гостин и посетител кој ќе сака да ја слушне приказната за винаријата, а ќе сака да научи и за процесот на производство на вино.


Денеска ве водиме во село Пепелиште, село во општина Неготино, на само 3 километри од автопатот Скопје- Атина. До селото можете да пристигнете брзо и едноставно. При самиот влез во селото ќе наидете на патокази на кои пишува „Винарија Максимилијан“.


Оваа мала семејна винарија е резултат на долгата производствена традиција од три колена, а својата официјалност ја добива во 2019-та година кога до измените на законот за вино и можноста за регистрација на мали семејни винарии, ова винарија го добива својот официјален потпис.

Тимот на Кајак.мк разговараше со Ивица. Човекот кој ја продолжува традицијата на својот прадедо. Денеска неговата семејна винарија „Максимилијан“ има прекрасен простран двор и прекрасно изградени простории веднаш до неговиот дом кои му овозможуваат континуирано следење на виното.


Ивица вели дека располагаат со сопствени лозови насади од 1,5 хектар, кои се наоѓаат во чиста еколошка средина од левата страна на реклата Вардар, а на површината може да се најдат сорти како: Рајнски ризлинг, бела Смедеревка, Вранец и Кабарне Франк од црвените сорти.


Денеска, семејната винарија е дел од здружението „Тиквешки семејни винарии“, а истата произведува шест видови вино и тоа: Вранец „Икон“ и Кабарне Франк „Максимилијан“ од црвените вина, додека пак од белите се произведува Темјаника „Нест“, Совињон Блан „Бела“, Шардоне „Пепелиште“ и Рајнски ризлинг „Ада“.


Во моментот капацитетот на винаријата е 5000 литри или 6500 шишиња вино секоја година. Ивица вели дека неговото семејство е особено гордо на барик линијата Шардоне и Вранец кои одлежуваато во американски и унгарски дабови буриња и својот потенцијал треба да го покажат во 2023-та година.


Сето вино се произведува со современа опрема од Италија, а за производство на вино се користи најквалитетно грозје, од кое се користи само сокот со цедење од гроздот во ферментатор или народска кажано „самоток“ од кој се исцедува само најквалитетната шира.

Ивица не е сам во производството. Од помош при берба и обработка се сите членови на семејството, од дедо до внук, а секој си има своја задача. Овде е и стручното лице енологот кој врши редовни проверки во месецот се со цел обезбедување квалитетно вино.


Виното од винарија „Максимилијан“ може да се најде во неколку ресторани во Неготино и Демир Капија, како и во винските соби во Кавадарци и Неготино, кои се специјализирани за вина од семејните винарии, а Ивица се надева дека наскоро ќе може да понуди вино низ цела Македонија.


Што се однесува до посетители и гости во винаријата, овде честопати може да се забележат групи странски туристи кои најмногу уживаат во Вранецот, а за која сорта тврдат дека е многу комплексна кога е преработена во виното и самата негова јачина ги привлекува. Досега, секој што ја посетил винаријата, не заминал без да купи шише Вранец.


Винаријата е горда и на Кабарне Франк „Максимилијан“ за кој има добиено признание на балканско натпреварување BIFC, кој е доста елегантен и лесен за пиење и за мажи и за жени.


Во склоп на винаријата има просторија за дегустација на вината кои се произведуваат, каде може комотно да присуствуваат до 10 лица. Уредена е во рустикален стил, а самата просторија им нуди на групите приватност и одлична атмосфера за уживање.

Доколку сакате да стапите во контакт со Ивица и да ја погледнете точната локација на винаријата, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.