09.05.2024

Бунгалови во автокамп на Преспанско Езеро идеални за луѓе кои сакаат да се преселат во природа на одредено време

Бунгалови во автокамп на Преспанско Езеро идеални за луѓе кои сакаат да се преселат во природа на одредено време

Кога зборуваме за идеален одмор на подолго време далеку од градскиот метеж, многумина веднаш помислат на плажа и море, но сепак, срцето на Балканот, Преспанско Езеро, нуди алтернатива која може исто така да биде мирен и подеднакво заводлив избор за луѓето кои сакаат да се преселат во природа на одредено време.

Бунгаловите можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ.


Во склоп на преспанската убавина се наоѓа автокампот Крани кој ви овозможува уникатно сместување во бунгалови кои нудат комфор и интимност за секој посетител.


Бунгаловите, се наоѓаат на брегот на езерото и се опремени со сè што ви е потребно за пријатен престој. Секој бунгалов располага со две соби, опремени со по четири единечни кревети, идеални за семејства или групи пријатели. Покрај креветите, секоја единица нуди и кујна опремена со основни средства, што овозможува гостите самостојно да приготвуваат оброци, доколку тоа го посакуваат. Терасата и тоалетот дополнително ја зголемуваат функционалноста и удобноста.


Иако бунгаловите не располагаат со Wi-Fi, ова може да се смета за предност, бидејќи овозможува посетителите целосно да се исклучат од секојдневниот стрес и дигиталните вознемирувања.

За љубителите на активниот туризам, локацијата на кампот ви нуди опции како шетање покрај брегот на Преспанското Езеро, истражување на националните паркови Галичица и Пелистер, возење велозипед и пливање.

Повеќе информации, фотографии како и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Trpche Pavloski

    16.05.2024 19:21

    Bungalovite se mnogu ubavi za dobar odmor i rekreacija.

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.