20.06.2022

Апартмани со прекрасно зајдисонце во Долно Коњско достапни за резервации

Апартмани со прекрасно зајдисонце во Долно Коњско достапни за резервации

Еј друштво патувачи и авантуристи. Од денеска во базата на Кајак.мк имаме уште едни златни апартмани кои го ловат секое златно зајдисонце над Охридското езео.


Апартманите сенаоѓаат во Долно Коњско и можеме да кажеме дека сите имаат модерен ентериер и прекрасен поглед кон езерото или кон планината Галичица. Домаќинот Филип кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека нивните апартмани се стационирани во мирна околина, а до каде можете да пристигнете по асфалтиран пат и се лесно достапни со автомобил.


Коњско е прекрасна дестинација, особено за правите гурмани и за луѓето кои сакаат да го поминат летниот одмор со добра и вкусна традиционална храна. Во самата околина се наоѓаат повеќе ресторани кои служат одлична храна и нудат пријатна атмосфера.


Доколку не прашате нас зошто би го одбрале Коњско за летна дестинаци, нашиот одговор е дека овде ги имате едни од најубавите плажи како плажата на хотел Гранит, прекрасните предели со плажи пред хотел Белви и Метропол кои имаат прекрасни плажи, ресторани, базени и шеталишта. Воедно овде ја имате и опцијата за посета на Горно Коњско каде можете да ги направите најубавите панорамски фотографии и можете да уживате во локалните ресторани кои се наоѓаат на одлична надморска височина.

Доколку сакате повеќе информации од апартманите, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.