09.01.2021

Преку фотографирање ја промовирам убавината на Македонија

Преку фотографирање ја промовирам убавината на Македонија

Сабота, ветер, магла, студ, снег на Шапка, топол чај и Кајак.мк пред вас. Сабота е ден и за уште една прекрасна приказна од Стефан Стојчевски кој на неговиот инстаграм профил photosby_stojchevski може да се најдат прекрасни фотографии од убавината на нашата земја.


Со фотографирање започнав уште во основно, вели Стојчевски. Причината е повеќе од јасна, сакав сѐ сакав да документирам и уште оттогаш сфатив дека преку фотографијата моментот останува вечен потсетник за сите идни генерации, а и за сите нас кои сме сведоци како светот се менува во се побрз и помодерен начин на живеење, па вака преку фотографија остануваат вистинските вредности да послужат како потсетник.

Денеска, не би се нарекол професионален фотограф туку само некој кој е голем љубител на фотографијата и ужива во сликањето како хоби.

Фотографирањето низ Македонија ме привлече тоа што, нашата земја навистина изобилува со непроценливо природно-културно богатство, дури и самиот не бев свесен за некои места дека постојат во Македонија да не беа тие фотогафии. Оттука можам да кажам дека и тоа ми е целта. Сакам да ги запознавам луѓето со убавините на Македонија преку моите фотографии. Сметам дека љубовта кон својата татковина се искажува најдобро кога се трудиме да ја запознаеме и заштитиме како нејзини деца.

Како најдобри три дестинации кога би одбрал за фотографирање, престојување и ужување:
-Националниот парк "Маврово"
-Крушево
-Село Зрзе

Кога зборуваме дали лето или зима, би го избрал летото, бидејќи летото ни нуди подобар живописен пејзаж, разбуден животински свет и полесен пристап до некои комплекси локации за разлика од зимата.

Реките повеќе ме воодушевуваат поради околните предели, нивниот почеток на извирање, влевањето е она што ме фасцинира. 

Кога станува збор што е подобро за фотографирање секако секој човек има различен вкус на фотографија, но мене нешто што најмногу ме привлекува е старата типична македоска архитектура која што ја има низ цела Македонија, а со тоа го отсликува начинот на живеење на мештаните во еден предел или регион. Преку архитектурата може да ги разбереме условите што ги имале како и многубројните културни знаменитости кои ги поседува тој регион.

За зима предлог планини би ги предложил местата кои ви пружат одмор и мир како што се:
- Осоговските Планини
- Шар Планина
- Баба
- Јабланица
- Скопска Црна Гора
- Караџица
Секако во зависнист со својата спремност и опрема во зимски услови, ако не сте доволно искусни во зима, подобро е да прошетате по некои тревни планини коишто се побогати со вегетација, наместо стрмните врвови. Секако доколку немате искуство во планина, најдобро е да ве води планинарски водич.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.