02.06.2021
Вила во Лагадин со поглед полн синило
Вила во Лагадин со поглед полн синило
Кога ќе се спомне Лагадин, прво нешто на кое не асоцира е бакнеж помеѓу планината и езерото. Лагадин е идеална дестинација за луѓето авантуристи и луѓето кои бараат мирни предели за одмор, вили опколени со дрва и цвеќиња.
Тимот на Кајак.мк денеска направи обиколка на Охридското езеро и подзастана во Лагадин, каде разговараше со нашиот нов домаќин Славчо, чија вила Калина од денеска е дел од базата на Кајак.мк.

Славчо вели дека Лагадин е уникатно место за летување. Овде природата и езерото си го прават своето. Од една страна вода, а од друга страна планина. Според него, ако треба да се селектираат категории на туристи кои ќе бидат исполнети во Лагадин, тогаш тоа би биле луѓето кои работат во динамична атмосфера, луѓе кои се љубители на природата и планината, луѓе авантуристи и секако луѓе кои сакаат својот одмор да го искористат активно.

Неговата вила се наоѓа на 20 метри од плажа. Има прекрасен поглед кон езерото, а во грбот се наоѓа Галичица која го повикува секој авантурист да ја посети.

Тимот на Кајак.мк ве советува да го посетите селото Горно Коњско, каде ќе може да направите прекрасни фотографии. Ова село се наоѓа на околу 4 километри од Лагадин, а може да го посетите и пеш ако сте со добро физички подготвени.

Славчо вели дека неговата вила е идеална за луѓето кои бараат приватност. Таа се изнајмува цела, со што би им одговарала на луѓето кои сакаат одморот да го поминат во приватен објект со своите најблиски.
Повеќе информации за вилата, фотографии како и контакт за резервација може да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.