27.10.2020
Облечете патиките: Локув ве чека да го истражите!
Облечете патиките: Локув ве чека да го истражите!
Вторник не е далеку од викендот, ако започне со време организацијата поврзана со прашањето: Каде на викенд?
Доколку забележивте нашиот тим во изминатиот период ви сугиреира исклучиво места каде нема голeма фреквенција на луѓе, односно места кои ќе ви помогнат да се рекреирате, а притоа да не сте изложени на Ковид-19. Фотографиите кои ги направи Марко Блажевски, а кои ги има и на неговиот instagram профил @blazevskimarko, нека бидат само мал поттик за активен одмор.

Денеска ве запознаваме со Локув, место кое ви го препорачуваме за активно да го искористите вашиот викенд, односно за пешачење во симпатичната дивина. Задолжително понесете со вас кеси за отпадоци, бидејќи ни најмал отпушок од цигара не смее да заврши на земја.
Многумина сигурно не ни слушнале за ова место, па еве неколку информации. Локув се наоѓа во Западна Македонија, а која е дел од планината Дешат, прецизно измерено, во близина на селото Требиште, кое пак село се наоѓа на неколку километри од Ростуше.

Оваа област е
дел од националниот парк Маврово и бидејќи е заштитен предел, дозволен е пристап само со коњи и пеш, а кој е дефинитивно најдобриот начин за да се доживее
секојдневието на нашите предци и да се почуствува традиционалниот начин на живеење.

Во
овој предел претежно преовладува букова шума, каде се забележуваат и
доста стари стогодишни дрвја. Застапени се и голем број на шумски
плодови, а папратот во голема мера зафаќа и цели ливади и предели.

Езерото Локув е наш предлог кој можете да го посетите. Ова езеро се смета за најниско ледничко
езеро во Македонија, на надморска височина од 1565 метри. Има патека до самото езеро која е обележена и е во должина од 8 километри.

Интересен факт кој нас не радува да го споменеме поради нашата актуелна кампања, е фактот дека овде живее балканскиот рис кој е единствен од овој вид во светот. За нашата кампања за промоција и заштита на балканскиот рис можете да прочитате доколку кликнете на насловот под самиот текст. Воедно, заследете не на нашата фејсбук страница за да учестувувате во кампањата. 30 дуксери за 30 риса.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: За 30 риса ќе доделиме 30 дуксери за патување
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
