11.10.2020
Уникатно скоцкан апартман во Македонски Брод со уште позелена околина
Уникатно скоцкан апартман во Македонски Брод со уште позелена околина
За уникатно и зелено патување Кајак.мк ви го препорачува апартманот на фамилија Брагорски кој е лоциран во еден од најтивките и најзелени градови во Македонија. Каде ако не во Македонски брод.
Македонски Брод е дефинитивно градче кое е опколено со природа, а предноста кај ова сместување е тоа што се наоѓа во непосредна близина на пештерата Пешна која е прогласена за споменик на културата. Но за пештерата ќе ви кажеме подоле.

Овој апартман кој можете приватно да го резервирате е на 120 квадратни метри на приземјето со поглед кон планините. Она што е уникатно е тоа што има градина, а градината е на само стотина метри од реката Треска. 
Станот има две големи спални соби, пространа дневна/ трпезарија со балкон и комплетно опремена кујна. Има голем ходник и бања. Двете спални соби се со тераси.
Едната спална соба е со брачен (квин) кревет, додека другата е со два поединечни кревети оперемена со телевизор, Wi-Fi. Трпезаријата има голема маса идеална за шест лица, но постои можност да се прошири за 8 лица. Дневната соба исто така има телевизор со 50 дигитални канали. 
Како што и спомнавме, автентичното нешто во врска со овој апартман е тоа дека самите сопственици одгледуваат овошје и зеленчук во градината. Во зависност од сезоната има домати, пиперки, краставици, кромид, моркови, цреши, сливи, праски, кајсија, јаболка, круши, малини, јагоди, грозје и аронија.

Значи, гостите можат да го искусат стил на живеење на луѓето во Македонски Брод и да можат да пробаат органско овошје и зеленчук за време на нивниот престој.
Станот е оддалечен десетина минути со пешачење од центарот на градот. Во близина има супермаркети. Исто така, терени за мал фудбал, кошаркарско игралиште, тениско игралиште и игралиште за одбојка. Тениското игралиште е достапно само со претходна резервација. Апартманот е на само пет минути пешачење до Градскиот фудбалски стадион што претставува совршено место за џогирање.
Ова сместување е идеално за тие кои сакаат да ја посетат пештерата Пешна која се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска. Ова пештера е со димензии 16,8 * 52,4 метри, според спереолозите, ова е најголемиот пештерски влезен отвор на Балканот. Таванскиот дел на отворот има висина од 40 метри, а самата пештера околу 50 метри. Должината на пештерата е 124 метри. Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци.

Пешна во "Нујорк Тајмс" е опишана како идентична на измислените пештери во "Господарот на прстените" од Толкин. Неколку стотини метри од пештерата тече реката Треска, нудејќи идеално место за рибарење и пикник. Локалитетот на пештерата е пристапен за сите посетители, со пријатен амбиент за рекреативен туризам, пишува macedonia-timeless.
АПАРТМАНОТ БРАГОРСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО РЕЗЕРВИРАТЕ НА: 078 452 565
Прочитајте повеќе: Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
