08.10.2020

Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура

Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура

Доаѓаат денови на многу дожд, намуртени облаци и топли оброци. Еко концептот на Кајак.мк ви ја препорачува ова убава и пријатна планинарска куќа на Попова Шапка. Она што нам како тим на Кајак.мк ни е најдраго е тоа што сопственичката Наташа, го кити и опколува цел објект со дрва.

Во ова куќа која можете приватно да ја резервирате има шпајз со софа, чајна маса и трпезариска маса, а во дневниот простор имате и опремена кујна. Во вилата „Пуљо“ има една спална соба на исто ниво со дневниот престој и уште една спална соба во таван каде имате извонредно пријатно шумско чуство. Целиот објект ви дава чуство како да сте дома. 

Во ова вила може да се сместат максимум до 8 лица, а објектот има 5 кревети и едно купатило со тоалет. 

Пред самата вила има паркинг простор кој е бесплатен. Коментарите на гостите на вилата се фокусирани на сопствениците дека се доста љубезни, комуникативни и гостопримливи. Тие може да ви помогнат без проблем да ја најдете локацијата.

Што би правеле сега таму? Наш совет е да одвоите еден ден за во посета на Церипашина. За овде можете да изнајмите локалец или планинарски туристички водич.

За вас кои не сте знаеле Церипашина е планински врв на Шар Планина на 2.525 метри. Непосредно до врвот води жичарница крај која води истоимената ски-патека на која што се одржува познатиот Шарпланински куп во скијање.

Во непосредна близина на Церипашина Планина се највисоките шарски врвови: Титов ВрвМал Турчин и Бакардан. На источните падини на Церипашина е сместен скијачкиот и туристички центар Попова Шапка.

Викендицата „Пуљо“ можете да ја резервирате на: 070 255 227. Оценката на повеќето мрежи за ова сместувачко место варира од 4.3 до 4.5


ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:
Приватни сместувања идеални за време на дожд



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.