02.03.2021
Кампуваме низ цела Македонија, секој авантурист може да ни се придружи
Кампуваме низ цела Македонија, секој авантурист може да ни се придружи
Пролетта ни тропа
на врата, југот на Македонија веќе е прилично зелен, а желбата да се скокне во
вода се повеќе расте. Март е месец на двоумење! Дали утре ќе падне нов снег или
ќе блесне јако сонце. Но како и да е, Македонија започна да се буди од зимскиот
сон.
Новата сезона
која е пред нас ќе биде дефинитивно во полза на авантуристите, на луѓето кои
сакаат мир при патувањето, на луѓето кои сакаат да избегнат гужва и да уживат
изолирани во недопрената природа.
Новата година ќе биде година на луѓе како „Overland Adventures Macedonia“. Нив можете да ги погледнете на инста, а овде можете да прочитате нешто повеќе за нив.
Проектот го
составуваат поединци вљубени во планината и природата кои повеќе од 10 години
ја промовираат Македонија на еден поинаков начин. Нивното друштво се состои од
6 члена, а како што велат тие, секој кој е расположен за добра авантура во
Македонија, може да им се придружи.
„Оверлендингот“ е комбинација од повеќедневно „Off-Roud“ возење со џипови и кампување во природа на однапред дефинирани рути и локации.
Целта на ваквите
тури е да се посетат специфични места за одредени региони, како би ги
испромовирале на интернет.
За месец Март предлог од друштвото за кампување се Осоговските планини. Тие велат дека нашата земја е преполна со природни убавини, реки, езера, планини, секој регион е посебен и секој си има свои карактеристики што би оставил посебен впечаток, но бидејќи е се уште ладно препорачуваат кампувањето да биде некаде на пониските места.
Колку денови се
идеални за кампување во Македонија, не може да ни одговорат бидејќи како што
велат, секогаш им се премалку. Според нив, за да се почувствува реалниот „оверлендинг“
потребно е една недела континуирано возење и кампување со претходно подготвена
логистика.
Она што ви е најпотребно при вакво кампување е технички исправно возило, прва помош, топла облека, вреќи за спиење, шатор, доволно вода за пиење, храна однапред предвидена за периодот на авантурата, разни алатки и слично.
За ова лето планот им е да ја извозат
цела Македонија долж границите. Ова авантура треба да
трае од 10
до 12 денови. Гледано
оптимистички се надеваат дека ќе успејат.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа
Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.