05.01.2021

Апартманите на Пониква со најромантичнo зимскo зајдисонцe

Апартманите на Пониква со најромантичнo зимскo зајдисонцe

Еј друштво! Скијачи, патувачи, туристи и не туристи. На Пониква имаме снег. Јеп. Стазите се подготвени за они најмладите кои можеби и за првпат ќе облечат скии на своите нозе.

На Пониква имаме и чист воздух, а имаме и прекрасен поглед. Замислете ја таа комбинација: Снег, скијање и прекрасно сонце. 

За оние кои досега го немаат посетено овој ски центар, препорака од нашиот еко тим е да го додадете на вашата листа на дестинации кои треба задолжително да се посетат.


За искусните скијачи, ски центарот им го препорачуваме повеќе за релаксација отколку за скијање. Додека пак, за оние најмалите скијачи Пониква е дефинитивно правиот избор. 

Ски центарот располага со две стази. Стаза 1 и стаза 3. Стазата 1 е наменета за почетници и е во групата на кратко лесни патеки. Должината на стазата е 300 метри и целата патека е осветлена со рефлектори, секогаш спремна за ноќно скијање. Стаза 3 е наменета за понапредни скијачи и се вбројува во групата на средно/тешки патеки. Таа е долга 700 метри, а првите 200 метри се доста стрмни и тешко ги совладуваат не толку искусните скијачи.

Оние кои не се љубители на скијањето, може да го искористат слободното време за пешачење по патеките кои ги има ски центарот, дегустација на локалната традиционална храна како и фотографирање на убавините на планината.

На ова планина се наоѓаат и апартманите „Котески“ кои имаат преубаво зајдисонце. Апартмани “Котески” располагаат со голем двор со простор се седење, скара и големо заедничко лоби за дневно или вечерно уживање.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, дознаете повеќе информации и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.