26.03.2020

Русија прогласи неработна недела со цел да не се шири коронавирусот

Русија прогласи неработна недела со цел да не се шири коронавирусот

Од понеделник, Русите нема да одат на работа. Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ја прогласи за неработна со цел да се спречи ширењето на корона висурот. Ќе функционираат аптеките, маркетите за храна и транспортот. Освен тоа Путин го одложии  референдумот за гласање уставни измени закажан за 22 април, со кој би му овозможиле да остане подолго на власт, пишува на порталот на Сител.

Во оваа земја  заразени се 658 луѓе, од кои 410 во Москва.

Последните бројки покажуваат дека во светот има околу 500 000 заразени. Починале над 21 000, а се излечиле околу 115 000 пациенти.

Во Италија до сега починале над 7000 лица, што значи дека има 4000  повеќе смртните случаи во Кина. Со тоа оваа земја и понатаму останува најпогодена во светот.Позитивно е што веќе четврти ден веќе има намалување на бројот на заразени лица. од рекордните 4.821 нови случаи во саботата, 3.612 имало во вторникот и 3.491 во средата.

Во Шпанија која е второто европско жариште, вонредната состојба продолжува до 11 април. Трета најпогодена земја е САД со над 1000 починати.

И додека коронавирусот во повеќето земји во светот продолжува да се шири, Косово остана без влада. Ова следи откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Арбен Курти, кој  на оваа функција не остана ни 2 месеци.
Извор: https://sitel.com.mk

СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!


  1. ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!

  2. ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!

  3. СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.