06.09.2022
Предлог викенд дестинација: Равна река и мотел Дивине
Предлог викенд дестинација: Равна река и мотел Дивине
Од денеска во
базата на Кајак.мк како приватно сместување се приклучува мотел Дивине кој е изграден
во туристичката населба Равна Река во Пехчево.
Домаќинот Ванчо кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека околината е и деална за луѓето кои преферираат пешачење во природа по изграден пешачки патеки, исто така за љубителите на велосипедизмот кои бараат терени за возење велосипед.

Регионот изобилува со борова и букова шума, а во непосредна близина се наоѓаат три прекрасни водопади до кои има изградено пешачки патеки. Околината е прекрасна во текот на цела есен. Листопадната шума си го прави својот прекрасен колорид, а патеките кои водат до водопадите се атракција за сите љубители на добрата фотографија.

Во мотел Дивине
се наоѓа ресторан каде се подготвуваат разни локални специјалитети, што говори
на фактот дека освен сместувањето и активностите во пририда, оваа дестинација
може да биде ваше одлично гастрономско доживување.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.