07.12.2022
Освоивме златен медал за нашето вино од сортата Вранец во 2019-та година
Освоивме златен медал за нашето вино од сортата Вранец во 2019-та година
Во иднина, тимот на Кајак.мк сака да стави акцент на застапеноста на жените во винскиот и лозарскиот свет, бидејќи секојднево запознаваме нови локални жителки кои се вложуваат во производството на нови вкусови македонско вино. Неодамна пишувавме за Венера, жената која отвори своја мала семејна винарија и ја продолжи традицијата на својот татко во Гевгелија.

Денеска имаме идентична приказна, само што од Гевгелија се селиме во Криволак, каде приказната ни ја раскажува Силвана.


Среќни сме што ќе ве запознаеме со Силвана, жената која стои позади неготинскиот бренд „Цветановиќ“ и која заедно со нејзиниот сопртуг Лазар, одлучуваат да го направат храбриот чекор и да му стават официјален печат на брендот и да им докажат на домашните конзуматори дека малите семејни винарии знаат како да произведат квалитетно македонско вино.

Виното од винарија Цветановиќ можете да го купите дирекно од бакалницата на Кајак.мк со еден клик ОВДЕ, секое купено шише е поддршка за оваа мала семејна винарија.

Силвана раскажува дека историјата на винаријата започнува од нивниот дедо и татко кои се занимавале со лозарство и произведувале вино и ракија за своја душа. Главната причина да ја разработат приказната на „Винарија Цветановиќ“ е освоената награда за Вранец во 2019-та година.

Официјално се регистрирани во 2020-та година како семејна винарија „Cvetanovikj Winery“. Денеска произведуваат 4 сорти на вино: Вранец, Рајнски Ризлинг, Темјаника и Смедеревка. Горди на своите вина, Силвана вели дека нема да запрат со производството и иновативноста овде.

Виното го произведуваат од сопствени лозови насади кои се на површина од 2 хектари на надморска висина од 150-200 метри. Истите се наоѓаат во Криволак- Неготино, каде што е стационирана и самата винарија. Капацитетот на винаријата е 2500 литри, со можност за зголемување на 5000 лиетри.


Силвана вели дека
имаат планови да го зголемат производството со нови сорти на вино, но дотогаш
останува да ги вкусите сегашните кои ги произведуваат. Виното можете да го
погледнете и купите со еден кли ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.