10.08.2021
Го живееме сонот на неуморни иконописци и фрескоживописци
Го живееме сонот на неуморни иконописци и фрескоживописци
Македонија е една од земјите со многу религиозни
објекти кои сведочат за значајни религиозни движења и будење на една нација како што е
македонската.
Доколку се одлучите да направите една поголема
обиколка низ Македонија и посетите значајни цркви и манастири, ќе забележите
дека во дел од нив има доста иконостаси кои раскажуваат легенди и преданија.
Таквите дела ги изработувале и се уште ги изработуваат луѓе кои се страсно заљубени во професијата, за која професија велат дека е начин на живеење.

Денеска ќе ве запознаеме со Златко Лечковски и
Соња Лечковска, кои како брат и сестра се неуморни иконописци и фрескоживописци
од село Ротино во битолскиот регион.
За Кајак.мк велат дека тајните на занаетот им ги
открива нивниот татко Љупчо, а доусовршувањето го стекнуваат во ателјето на
Никола Крнчев и Ристо Димовски кои се ученици на познатиот руски живописец Иван
Мелников во храмот на Пресвета Богородица во Битола.
Со оваа дејност Златко се занимава 24, а Соња 14 години. Љубовта и инспирацијата за сликање на светители дошла од восхитот и воодушевеноста од старите икони и фрески работени во православен византиски стил кои ги красат македонските цркви и манастири.

Двајцата велат дека изборот да се наслика едно
дело го дава мислата. Откако ќе се одлучи што конкретно ќе се твори, следува
подготовката за реализација. Од снабдување на материјали, подготовка на
основата, грундирање, ставање на позлата и изработка на иконата во најразлични
техники- темпера, акрилна, маслена боја, и на крај, заштита со лак.
За едно дело да изгледа бесценето треба да се биде внимателен при негово изведување. Се започнува со сликање од најтемна нијанса, а потоа со секој нареден слој се осветлува со провидни лазурни наноси додека на крај се заврши со ритмички повлечени потези кои се нарекуваат – оживка. Ова значи дека иконописот е работа со светлината каде естетиката и онтологијата се слеани и нераздвојни.

Златко вели дека паралелено со сликањето се
спроведува и духовна подготовка, читање теологија на иконата, житија на
светителите, светоотечка литература и сл.
Според него убавината е во тоа што додека се работи, се чувствува концентрација, смиреноста, исполнетоста, благодарноста, тихувањето и сите слични легитимни чувства што ги нуди самото творештво. Во процесот најчесто се размислува за духовната содржина на иконата, за обратната перспектива, за симболиката на иконата во која се крие неминливата слава и тајната на Идниот Век.

Досега работеле во повеќе цркви во
Преспанскиот реон: Манастир Св.Наум- Болно, црква Св.Петка во село Лавци, манастир
Св.Илија во село Кривени, црква Св.Спас во село Крушје, манастир Св.Спас во
село Евла, и други.
Во Струшкиот реон: Црква Успение на
Богородица во село Бороец, манастир Св.Илија во село Глобочица.
Во нивното родно село Ротино: Св.Илија, и Св.Никола, црква „Успение на Пресвета Богородица“ во селоЃавато, параклис св.Петка во Горно Оризари.

Демир-хисарски реон: Црква св.Илија во село Сладуево,
црква Константин и Елена во село Вардино.
Имаат работено и во неколку цркви во соседна
Грција: Св.Ирина,
Св.Нектариј, Св.Илија, Св.Георгиј во Овчарани. Во Грција се работи на техника „платно
врз ѕид“, што значи дека дома се изработуваат на големи платна, па во ролни се
транспортираат и се лепат на самиот ѕид.
Покрај Македонија и Грција, нивните икони може
да се најдат во разни држави низ Европа и прекуокеанските земји.
Златко и Соња може да ги контактирате на: 076/ 266-557, 070/591-249
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.