05.06.2022
Прекрасниот „Гостински Палат“ достапен за резервации
Прекрасниот „Гостински Палат“ достапен за резервации
Тимот на Кајак.мк е среќен што од денеска ја проширува својата база на приватни сместувања со прекрасниот „Гостински Палат“ кој се наоѓа во прегратките на планините Бистра и Дешат. Со еден збор, место опколено со Боженствена убавина.
Ова сместување се наоѓа во недопрената природа на националниот парк „Маврово“ кој треба да биде на вашата летна агенда за истражување. Оваа прекрасна околина ги открива и живописните села Галичник, Лазарополе, Гари, Тресонче со својата автентична архитектура и богато културно наследство и прекрасен пејсаж.
Нашите патувачки кои ќе се одлучат да престојуваат овде ќе имаат можност да се запознаат со духовноста и архитектурата на милениумскиот „Бигорски Манастир“, традиционалната храна во етно ресторанот „Куќата на Мијаците“ како и да уживаат во доста активни спортови. За вљубениците во активниот туризам, овде може да ги искачат планинските врвови Крчин и Веливар, да кампуваат во планинските области, да прошетаат до Дуфскиот водопад, да возад велосипед, да појдат на кајакарење пореката Радика и да ги посетат околните езера Маврово и Дебар.
Надворешниот и внатрешен изглед на сместувањето е уникатно скоцкана во стилот на мијачката градителска традиција, се со цел да им го доближи духот на мијачката култура од секој аспект, почнувајќи од местоположбата, амбиентот, историјата и завршувајќи со прекрасниот поглед кој го нуди секоја соба, а тоа е погледот кон планината Дешат и планинскиот врв Крчин.
Доколку сакате повеќе информации за сместувањето,
фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Се отвори нова романтична куќичка на Кајак.мк: Со прекрасен панорамски поглед кон Охридско езеро
Идеално место за оние кои бараат нешто различно, автентично и блиску до срцето на природата.

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа
Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.