25.07.2023

Во Велес има пикник локација каде се организираат разни настани под отворено небо

Во Велес има пикник локација каде се организираат разни настани под отворено небо

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во околината на Велес каде што се наоѓа новоотвореното природно и приватно катче именувано „На Островот“.

Ние разговаравме со домаќинот Димче кој ни ги отвори портите за светот на Кајак.мк и ни ја раскажа идејата за ваквиот концепт кој им овоможува уживање на оние кои немаат дворчиња и живеат во станбени комплекси.


Димче вели дека идејата да организираат и изнајмуваат ваков приватен простор кој гарантира природа дошла доста спонтано. На почетокот организирале фамилијарни прослави, но по извесен период блиските пријатели на Димче започнале да го прашуваат дали постои можност да им се изнајми просторот. Со текот на времето тие одлучиле дека ова место кое е опколено со природа треба да биде достапно на секој кој сака да го ужива.


Денеска „На Островот“ се организираат разни приватни семејни настани, а локацијата е идеална и за органзиирање на тим-билдинг настани бидејќи просторот е добро организиран и има се што е потребно.


Неговата локација е на самиот пат кој води од Велес до Башино Село, а повеќе информации и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.