08.02.2021
Изнајмете ја ова вила на Пониква која е изолирана во густа шума од ариш
Изнајмете ја ова вила на Пониква која е изолирана во густа шума од ариш
Секоја шума има своја предност, а сигурни сме дека многумина од вас се уште немаат слушнато за шума од Ариш? Ариш е дрво кое расте во Македонија, а Пониква е позната по ова. Во Македонија аришот е доведен во 1950-тите и e застапен со два вида: европски ариш и јапонски ариш.

Нашата база со приватни сместувања се надополнува со уште една уникатна вила на Пашаџиково, Пониква. Вилата „Осоговски Ариш“ го носи името од истоименото дрво, за кои дрва сопствениците ни раскажуваат дека создаваат природна бања поради идеалната надморска височина од 1200 метри. 
Опколена со Аришова шума, ова вила е уште една одлична опција за луѓето кои работната недела им е исполнета со турбуленции, па за викенд бараат катче каде ќе може да „одморат глава“.
Вилата „Осоговски Ариш“ располага со три спалани соби, две купатила, дневен престој и прекрасен двор. Вилата има камин на дрва во дневниот престој, а спалните соби се опремени со електрични панели.
Во вилата може да се сместат до 10 лица. Опремена е со чисти пешкири, прекривки и навлаки. Подигнувањето на клучот е од локацијата која ќе се договорите со сопствениците.

Градот Кочани се наоѓа на 13 километри од вилата. Пониква е плус причина поради која треба да престојувате во овој регион. Покрај чистиот воздух Пониква нуди и ред други можности за уживање и релаксација.
Тука се мисли пред сѐ на пешачките патеки, 16 километарските долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”, скијачките терени кои во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.