30.09.2020
Организирам настан на кој ќе се готви на сред винови лоза
Организирам настан на кој ќе се готви на сред винови лоза
За сите љубители на виното, патувањето и секако на запознавањето нови луѓе додека патувате, Кајак.мк ви го најавува настанот на Бранко Попоски, кој за македонската јавност е познат како Cooking with Branko. Тој вели дека октомври е дефинитивно месец на виното, а виното е секогаш послатко да се пие онаму каде што се произведува.
Во сабота, на 3-ти октомври, тој организира настан во винаријата Сопот (Велешко) каде покрај дегустацијата на квалитетното вино, ќе се подготвува храна која е идеална комбинација.

Ако се прашувате каде да го помиете викендот, тогаш Кајак.мк ви дава предлог: Винарија Сопот.
Она што можеби треба да се потенцира е дека винаријата Сопот ги отвари своите насади со лозје за присутните на настанот, а она што можеби е најслатно е во моментот оставено како тајна.
Вкусното мени е креирано од страна на Бранко Попоски и Александар Наковски. Ексклузивноста на целиот настан се должи на тоа што бројот на посетителите на овој настан е ограничен, но и организиран според сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, сѐ со цел секој еден гостин да ја доживее уникатноста низ вкусовите на храната, македонското вино, виолината и несекојдневниот амбиент.

За да имате можност да уживате во уникатниот амбиент, вкусната храна, виното, со добра музика, резервирајте го вашето место на телефонските броеви 078 360 753 / 075 315 222 или кликнете на линкот https://www.facebook.com/events/768492650605030. Цената за учество на овој ексклузивен настан е 2500 денари.
Настаните на Бранко досега ги посетувале многу јавни личности, а импресиите се огромни. Затоа и нашиот туристички сервер го акцентира овој настан.
За сите коишто ќе се пријават, ги очекуваме реакциите и фотографиите по настанот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.