10.04.2020

Водич во карантин: 30 факти за Русија кои можеби не ги знаете!

Водич во карантин: 30 факти за Русија кои можеби не ги знаете!

Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска имаме доста интересни факти за Русија. 

Русија се простира преку огромните пространства на Источна Европа и Северна Азија. Со површина од 17 милиони км2. Rусија е најголемата држава во светот, се граничи со 18 држави. 
Број на жители: околу 145.000.000 
Главен град: Москва 
Најголеми градови: Москва, Санктт Петербург 
Народи: Русија е повеќенационална држава на чија територија живеат повеќе од 180 народи. Руси (79,8%), Татари, Украинци, Чуваши, Башкири, Белоруси, Мордовци, Германци, Чечени, Аварци, Ерменци, Евреи и др. 
Јазик: руски јазик. 
Религија: православна. 
Химна: “Химна Русији”. 
Валута: рубља (RUB). 


Nikolay Vorobyev

Името на Русија потекнува од стариот народ Руси, групата Варјага (можно шведски Викинзи), кои ја основале Кралска Русија. Русија(rus. Росси́я), официјално Руска Федерација е сојузна држава кој се простира преку огромни пространства на источна Европа и северна Азија...

Винстон Черчил во далечната 1939 година за Русија рекол дека Русија е загатка замотана во мистерија внатре во енигмата. И ден денеска многу негови зборови се сметаат за точни. Ако не знаевте Русија по бројот на жители е седма на светот и Русите од забава берат печурки.

И уште многу работи ќе дознаете доколу ги прочитате интересните факти и занимливости за Русија и Русите во продолжението на овој текст ...

1. Пивото не се сметало за алкохолен пијалок се до 2011 година. Дури во 2011 тогашниот претседател Димитриј Медведев ставил потпис според кој пивото е алкохолен пијалок.

2. Еден од петорица руски мажи умираат пред 55 -от роденден. Очекуван животен век на руски маж е 64 години.

3. Во рускиот јазик нема збор за зборот „забава“ или „приватност“.

4. Со површина од 17.075 км2, Русија е најголемата земја на светот.

5. Некои мечки во Русија “се зависници“ на авионско гориво поради заостанатите контејнери керозин и бензин во далечните источни региони.


Alexander Smagin

6. Само во градот Санкт Петербург се наоѓаат 221 музеј, 2000 библиотеки, повеќе од 80 кина, преку 100 концертни сали и голем број на културни институции.

7. Екстра богатите жители на Москва понекогаш се возат во колите на итната помош за да избегнат сообраќајна гужва.

8. Езерото Бајкал е најдлабокото езеро на светот и најголем резервоар на слатка вода од Земјата.

9. Русија се простира во 11 временски зони.

10. Пред патување Русите неколку секунди седат во тишина.

11.Москва е најголемиот град во Европа со популација од 10,5 милиони и има најмногу милијардери на светот.

12. Според легендата Русите го избрале христијанството а не исламот бидејќи не сакале да се откажат од алкохол.

14. Иако христијаните го сочинуваат поголемиот дел од поплуацијата, Нова година е поголема работа од Православниот Божиќ.

15. Руската државна библиотека е најголема во Европа и втора во светот, после Конгресната библиотека во САД, се наоѓа во Москва и е основана во 1862 година.

16. Вкупната должина на ѕидовите на Кремљ е 2235 метри.

17. Во Русија 1159 жени се  на 1000 мажи.

18. Московската Катедрала Христос Спасителот со 150 метри височина е највисоката православна црква во светот.

19. Русија има најдолга граница на светот, се граничи со 14 земји: Азербејџан, Белорусија, Кина, Естонија, Финска, Грузија, Казахстан, Северна Кореја, Летонија, Литванија, Монголија, Норвешка, Полска и Украина.

20. Русите ист збор користат за да кажат да се стане здрав и да се стане дебел.

21. 75 посто од руската територија е во Азија.

22. Сибир зазема околу 5,2 милиони квадратни километри, 25% шума на светот се наоѓа во Сибир.

23. Таткото на модерната телевизија бил руски електронски инжиниер и пронаоѓач Владимир Зворикин, кој емигрирал во САД во 1919 година.

24. Руските резерви на природен плин се еквивалентна величина на 13,2 милијарди олимписки базени!

25. Транссибирската железница, е најдолга пруга на светот. Оваа магистрала поврзува 2 дела на светот, 12 области и 87 градови, и е долга 9.288,2 км.

26. Русија е мултинационална држава, според последниот попис на жители од 2002 година во Русија се издвоени 180 националности.

27. Во Русија постојат околу 600 универзитети.

28. Русија е вториот најголем извозник на нафта во светот.

29. Западната Сибирска Рамнина е најголема рамнина на земјата.

30. Руските плински, нафтени и останати цевки имаат вкупна должина од 259.913 километри, што значи дека можат шест пати да ја заокружат Земјата!

Можеби ќе ве интересира:

Водич во карантин: 7 фасцинантни свадбени традиции ширум светот

Водич во карантин: Неверојатни факти за Индија!

Водич во карантин: 13 интересни факти за Кина

Водич во карантин: 7 фасцинантни свадбени традиции ширум светот



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.