23.11.2020

Вила заробена во шумата на 1600 метри надморска височина

Вила заробена во шумата на 1600 метри надморска височина

Нашиот еко тим ви ја претставува вилата на господинот Миле која се наоѓа во последниот ред од населбата на Пониква на кочанската страна на 200 метри од жичарницата. За оние кои бараат интимност ова вила може да биде идеален избор. Освен интимноста ова вила е уникатна за престој поради традиционалниот начин на престојување. Греењето е на дрво и без интернет. Ова е дефинитивно вистински погодок за луѓето кои сакаат патување во буквален превод. 

Зошто ви ја препорачуваме вилата? Вилата ви ја препорачуваме пред се поради фактот дека се наоѓа на Пониква, една од најпосакуваните дестинации според кратката анкета спроведена во нашата група „Туризам во Македонија“. 

Поради одличната природа и чистиот воздух за дишење. Поради тоа што вилата гледа кон бесконечна природа, изолирана во тишина и спокој. 

Најважно од се е фактот дека на ова планина има што да се прави. Секој од вас може да го понесе вашиот велосипед за утринско возење на свеж воздух, патиките за пешачење по планинарските патеки и џемперот за да посети некој од рестораните кои работат во текот на цела година. 

Наскоро се очекува да падне и првиот снег, а неизвесно е дали ски центрите ќе функционираат во текот на зимата. Доколку се промени одлуката и се даде зелено светло за функционирање, тогаш Пониква е идеална за младите брачни парови кои сакаат своите мали деца да ги научат да скијат. Ова планина има три стази, а една од нив е идеална за почетници. 

Повеќе информации, фотографии и резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.