01.11.2023

Се викам Марина и изработувам рачно цртани огледала

Се викам Марина и изработувам рачно цртани огледала

Тимот на Кајак.мк продолжува со промоција на локалните херои во Македонија кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот. Туризмот е гранка која вешто го користи знаењето на ваквите луѓе и нивните приказни, затоа сметаме дека нашите четива ќе им овозможат на многу домашни тур оператори да се запознаат со новите луѓе-занаетчии кои се нашето домашно богатство.

Денеска ќе ве запознаеме со Марина Цветковска, која за Кајак.мк ја раскажува својата приказна поврзана со сликањето на огледала.


Марина вели дека со уметноста е во постојана дружба од нејзината младост, впрочем треба да потенцираме дека пишува поезија и проза. Во 2021-та година ја издала нејзината прва стихозбирка именувана како „Сончевина“, а во подготовка има уште една книга со есеи како и стихозбирка за деца.

Паралелно со пишувањето започнува да изработува и рачно цртани огледала. Марина вели дека почнала како самоук уметник уште пред една деценија и додава дека ваквата уметност е многу ретка, што ја прави единствена личност во Македонија која твори на огледала, а од Балканските простори вели дека познава луѓе од Словенија кои ја делат истата љубов кон ваквата уметност.


„Токму поради посебноста на огледалото решив да му се посветам во целост. Идејата за цртање на огледало ми дојде спонтано, при една несакана случка која настана со пукање на големо огледало“, вели Марина и додава дека на истото огледало одлучила да му даде нов живот, со што ќе направи повеќе мали огледала. „Но нешто им недостасуваше на огледалцата, им недостасуваше облагородување,  па на истите решив да им дадам "ДУША", односно рачно да ги насликам, додава при разговорот.


Таа нагласува дека огледалото е специфична подлога која не трпи натрупаност, затоа за да се усоврши техниката потребно е време и концентрација. Марина е вработена, но своето слободно време го користи за да создава нешто уникатно. Покрај работата издвојува време за планинарење, активен велосипедизам, како и активно учество во играорна група.

Доколку сакате да стапите во контакт со Марина и да нарачате рачна изработка на огледало можете да и јавите на телефонскиот број: 070 /279-583

Остави Коментар

Коментари

  • Morena Mitrevska

    27.09.2026 21:43

    Браво Марина,секоја чест,прекрасна си, се' е преубаво. Се гордееме со тебе. Те обожавам

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.