30.07.2024

Во Македонија се отвори селце со дрвени куќички и етно ресторан

Во Македонија се отвори селце со дрвени куќички и етно ресторан

Уште една одлична дестинација од денеска е достапна во светот на Кајак.мк. Имено овојпат нашиот тим ве води во село Лешани, во општина Дебарца, кое селце е одалечено 28 километри од Охрид и е позиционирано на идеални 1028 метри надморска височина.

Во самото етно село има изградено и отворено три нови дрвени куќарки во кои можете да престојувате, а самиот комплекс има приватен базен достапен за сите гости.

Доколку сакате да резервирате, кликнете ОВДЕ.


Ваквите куќички или бунгалови располагаат со отворена галерија, една спална соба и кревет на развлекување кој може да го користат деца. Капацитетот на една куќичка е за 4 лица, што ги прави совршени за семејства или за парови.

Во склоп на комплексот има етно ресторан, а во близина има продавници, природа и секако чист планински воздух.


Тука се наоѓа единствениот манастир на балканскиот полуостров посветен на Сите Светии (Си Свети) што е доста посетуван. Домаќините се организатори на планински прошетки на Илинска планина која е на 2000 метри надморска височина. Исто така посета на Мазатар планина или Сталев камен од каде што се гледаат Охридско и Преспанско езеро.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации за сместувањето, фотографии како и да испратите барање за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.