25.03.2021

Започнав да летам од 9 години за денес да се извишам на второто место на светската ранг листа

Започнав да летам од 9 години за денес да се извишам на второто место на светската ранг листа

Доаѓа април, а април за нас е месец кој ги најавува новите пролетни и летни авантури. Се согласувате нели? Април е месец кој ни најавува велосипедизам, нуркање, кајакарство или пак летање. Денеска ние ќе ви раскажеме една „летачка“ приказна, односно ќе ве запознаеме со човекот кој колку што е на земјата толку е и во воздух.


Запознајте го Борјан Јовановски, млад и успешен параглајдерист кој по низа на успеси и освоени натпревари од светски карактер, тој успева да го достигне второто место на светската ранг листа, кога само претходната натпреварувачка година (2019) освојува 10 медали од вкупно 12 натпревари. Ова нему му носи многу поени и го искачува на второто место на светската ранг листа.


Борјан за нашиот патувачки блог вели дека параглајдингот е дел од неговото секојдневие, нешто на кое е целосно посветен. Неговите почетоци датираат уште од 9 годишна возрат кога започнува со обука и го прави неговиот прв лет од школски терен.


Тој вели дека луѓето уште во историјата барале и откривале начини како да го достигнат летањето, како да бидат „птици“. Уше како мал сфатил дека овој спорт е поразличен од другите, дека нуди нешто кое што со никој друг спорт не може да се доживее. Потекнува од спортско семејство, семејство кое е целосно предадено на параглајдингот. 


Гледајќи ги неговиот татко и брат како достигнуваат височини посакал и тој да ја почувстува слободата на летањето. 

Скептицизам во поддршката не постоела. Успехот кој денеска гордо го носи се должи на поддршката од неговото смејство, како и Меѓународниот Славјански Универзитет кој покрај образованието му дава поддршка и во спортот, со чија помош набавил нова опрема која имала голема улога во достигнување на овие резултати. 


Крушево е место на кое што ги извршува најголемиот број од неговите тренинзи. Крушевската планина и Пелагонија нудат одлични услови за параглајдинг, термичките струења и поволните ветрови во овој регион прават поволна клима за овој спорт, кое може да се потврди со фактот дека во Крушево секоја година се одржуваат голем број на натревари во параглајдинг, како и тоа дека Крушево станува препознатлива туристичка дестинација за параглајдеристите од Светот.


Оваа година 2021, нивниот клуб Параглајдинг Клуб Делта ќе биде организатор на Светското првенство во прецизно слетување кое треба да се одржи во месец октомври. Според правилата натпреварот ќе трае четиринаесет денови. 

Натпреварот ќе биде во прецизно слетување со тоа што натпреварувачите треба да се стремат да слетаат на центарот од определната мета, па така се собираат резултатите од сите серии и победува оној кој има најмалку негативни поени, односно оној кој слетувал најблиску до центарот на метата. 


Борјан вели дека се очекуваат околу 130 учесници од 28 различни земји, што ќе биде спектакуларен настан, а ова ќе биде една од можностите за сите оние кои сакаат да се информираат и научат повеќе за параглајдингот. 

Параглајдинг Клубот Делта има особени достигнувања во светски рамки, а во нашата држава е најуспешниот клуб од воздухопловните спортови.  Светската воздухопловна федерација во изминатите години ги следи квалитетите на клубот и токму нив им ја даде честа да го организираат овој настан. 


Пелагонија пак, нуди многу огромни рељефни услови за параглајдинг и повеќе од четири полетувалишта, како и поволни временски услови кои овозможуваат повеќе од 300 летачки денови во текот на годината.


Поради пандемијата со ковид, сите натпревари во изминатата 2020 година беа откажани. Веќе се потврдени датумите за Европските и Светските купови за тековната 2021 со надеж дека истите ќе се реализираат. Борјан се надева дека ќе го задржи овој континуитет со добри резултати и дека во скоро време ќе го освои самиот врв на светската ранг листа. 


Тандем параглајдингот е најлесниот, наједноставниот, најбезбедниот начин да се почувствуа магијата на летањето, вели Борјан и додава дека за тандем параглајдинг не е потребно никакво претходно знаење или искуство, може да проба секој, што би се рекло од 7 до 77 години. По десет минутна обука околу процедурата и опремата Вие ќе бидете спремни да летате како сопатник заедно со вашиот параглајдинг инстурктор. Се што треба патникот да прави е да ужива во погледите, во слободата, во чувство да се биде птица. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.