20.04.2021

Македонија: Балканската Tоскана на виното

Македонија: Балканската Tоскана на виното

Доколку патувате низ Македонија ќе запознаете многу луѓе кои ја работат својата професија со љубов. Како мала и скромна земја, Македонија нуди огромни можности за луѓето кои се заљубени во лозарството и производството на вино.
Многумина веќе го познаваат Сашко Атанасов, којшто го има посветено животот на лозарството и промоцијата на доброто и квалитетно македонско вино. 

Бидејќи во моментот пандемијата им пркоси на работата на угостителите, нашиот тим одлучи да ја раскаже приказната на луѓето кои се дел од овој сектор. 
Сашко е познат по работата во винаријата „Сопот“, но за многумина од нас е непознат фактот дека тој всушност пораснал во село Ваташа, Кавадаречко. Тој вели дека во ова село секој се занимава со одгледување на винова лоза, кое е едно од основните извори на приходи за егзистенција. Како и сите други фамилии, така и фамилијата на Сашко се занимава со оваа култура што го поттикнува да се заљуби во лозарството и производството на вино. 

Со тек на време тој добива идеја да се занимава со туризам и угостителство и да ја промовира Македонија на светската винска мапа. Со постојани обуки и дообразување успева да дојде до трет степен на WSET програмата на која во моментот е фокусиран. 
Сашко вели дека Македонија отсекогаш била земја во која се произведува квалитетно вино. Најважно од се е да сфатиме дека лекцијата за виното не се учи еднаш за цел живот, туку дека таа е начин на живеење. 
Среќен е што во последната декада расте квалитетот на Македнското вино и се радува на фактот дека во земјата постојано расте и бројот на нови семејни винарии.

Од една страна тоа е стимул за економијата, а од друга страна се едуцира македонскиот потрошувач за квалитетното вино. 
Како еден од поискусните, Сашко вели дека на интересот кај странските туристи за македонското вино нема крај. Дел од туристите кои ја посетуваат Македонија се запознаени со фактот дека кај нас има квалитетно вино, а тие кои се запознаваат откако ќе пристигнат во земјата се импресионирани.

„Се поголем број на винарии и ресторани нудат винска дегустација што зборува за интересот за Македонските вина. Македонија може да понуди различни концепти на винарии од огромни винарии и мали бутик винарии, супер модерни винарии и мали фамилијарни винари, што заедно прават еден одличен вински мозаик кој го задоволува сечиј вкус“, вели Сашко.

Тој додава дека македонското вино заедно со македонските специјалитети се едни од најголемите промотори на Македонија. Според него, македонските винари ќе се фокусираат на поголема грижа за примарното производство со што секој енолог своето вино ќе започне да го подготвува уште на самите насади. Само од добро грозје може да се произведе добро вино.

Сашко вели дека според него иднината е во мали бутик винарии. Среќен е што многу млади луѓе во Македонија започнаа да се занимаваат со производство на вино и сигурен е дека ќе бидат успешни.

Периодот во кој се наоѓаат македонските винарии и угостители е доста критичен поради глобалната пандемија, но вели дека работата со виното не треба да застане. Виното е како жив организам на кое треба да му се посвети внимание низ целиот процес, од самото производство, складирањето па се до негово послужување.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.