11.07.2022
Апартмани во Радожда со базен и прекрасен поглед кон езерото
Апартмани во Радожда со базен и прекрасен поглед кон езерото
Уште едни модерно скоцкани апартмани чии балкони нудат прекрасен поглед кон езерото од денеска се достапни во базата на Кајак за резервација.

Фото: Македонецот
Радожда е супер дестинација за оние кои се во постојана потрага по спокојот и оние кои сакаат комбинација од планина и езеро. Домаќинот Сашо кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак вели дека околината им овозможува на гостите да го исполнат своето време со доста активности.

Фото: Anita Palaceska
Овде се наоѓа познатата пештерска црква Св. Архангел Михаил која е една од највпечатливите во Република Македонија Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро. Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на XIV век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници.

Овде се наоѓаат остатоците од античкиот пат Виа Игнација на околу 100 метри од апартманите, црквата Богородица, плажата Ливадиште, како и прекрасната плажа Треска.

Јаготка на шлагот
е фактот
дека сместувањето дозволува влез на домашни миленици што значи дека ви се овозможува
да уживате со нив на патување.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Кире Кировски
11.07.2022 23:09
Цена за вилата двајца возрасни и теи деца ако можр?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.
Новата година кај локален домаќин: зошто сѐ повеќе патници го избираат ова искуство
Дознајте како локалните домаќини во Македонија ја доживуваат Новата година и зошто престојот кај нив нуди поавтентично, мирно и незаборавно празнично искуство.
Нова година далеку од градската врева
Сè повеќе луѓе ја избираат Новата година надвор од градската бучава. Мир, тишина и простор за вистински почеток на годината.