11.07.2021
Апартмани во Пештани со приватен базен и модерни простории
Апартмани во Пештани со приватен базен и модерни простории
Кога летото ќе ви даде слободни денови, поминете ги во вода. Ова е едно наше мото кое често го користиме во нашите четива. Полека но сигурно се приближуваме кон средината на летната сезона, па би сакале да напоменеме дека нема повеќе време за размислување за тоа каде да го поминете летниот одмор.

Нашиот тим неуморно
работи кон додавање на нови објекти во базата се со цел да ви овозможи поголем
избор на сместувања.
Денеска ќе ве запознаеме со апартманите Башоски, чии домаќини велат дека сместувачкиот капацитет им е скроо целосно исполнет до месец октомври, но не се изоставува можност да се најде слободно легло во екот на сезоната.
Ова “скромна“ вила се наоѓа во Пештани. Сите соби се централно климатизирани со најнов систем за ладење и греење со најмодерни фенкојлери, поврзани со централа со паметна технологија, мини фрижидер, бокал за топла вода! Студијата се опремени со мини кујна, фрижидер, бокал за топла вода, микро печка и сервис за јадење за 4-ти лица.

Во околина има прекрасни планински патеки за качување и планински
велосипедизам, најубавите плажи, најубавиот дел на Охридскито езеро, прекрасни ресторани
со Национална храна, градот на вода и најубавите нуркачки локации.
Она што го прави
Пештани идеална дестинација за одмор е неговата местоположба. Пештани се
наоѓа во подножјето на Галичица така да можностите за прошетка и уживање се неограничени за сите љубители на активниот туризам и
планинарењето.
Доколку сакате
повеќе информации од вилата, фотографии и контакт за резервација, кликнете
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.