03.03.2024
Започнуваме со организирање рафтинг авантури на Тара
Започнуваме со организирање рафтинг авантури на Тара
За сите наши патувачи и авантуристи кои сакаат да го истражат најголемиот и најубав кањон во Европа- Кањонот Тара, сакаме да ве информираме дека тимот на Кајак.мк заедно со наши парнери од Босна започнуваат со организирање на групни патувања и авантури токму на оваа локација. Што значи групни патувања? Ваквите патувања ги организираме за компании, приватни друштва и инидивидуални групи кои се над 10 лица.

Оваа уникатна дестинација е идеална за сите кои сакаат да го истражат овој предел кој е на самата граница помеѓу Босна и Црна Гора, како и да ги посетат фантастичните предели на двата национинални паркови- Сутјеска и Дурмитор.

Дозволете ни да ви раскажеме за нашата нова понуда. Базата на сместувањето и базата на „Рафтинг на Тара“ се наоѓа покрај самата река Дрина, на еден час од нејзиното спојување со реките Тара и Пива. Околу самата база се прострираат зелени шуми и кристално чисти води кои ги освојуваат срцата на сите авантуристи.

Во самиот регион се организираат разни рафтинг тури, фото-сафари, јавање на коњи, зип-лајн, пејнтболм и возење на AVT мотори.
Нашите патувања кои ќе ги организираме овде се наменети за групи над 10 лица, кои имаат вклучено две ноќевања во прекрасни бунгалови за две, три, четири или пет лица, а кои се опремени со сопствено купатило и тоалет. Вклучен појадок, ручек и вечера која е 100% домашна храна и која соодржи говедски и телешки специјалитети, скара, појадок со домашна пршута, сирење, крем, сланина, локални компири, а за вегетаријанци и вегани има посебни вкусни оброци со локални намирници.

Покрај рафтингот, во самата база има и бар кој им е на располагање на
гостите, а во кој се организраат разни забави со локални бендови и изведувачи.
За групите кои се заинтересирани за вакви авантури, повеќе информации,
фотографии како и опција за испраќање на барање за резервација на термин може
да најдат со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.