16.08.2021

Сместување на Галичник со поглед кој вреди историја

Сместување на Галичник со поглед кој вреди историја

Кој не престојувал на Галичник ја нема доживеано Македонија во целост. Галичник е придода, историја, активен туризам и љубов во едно. Галичник е место кое нема да остави никој рамнодушен.

На Галичник во текот на летната сезона нема да можете да го избегнете моментот, а да не застанете и поразговарате со некој од старите локални мештани кои седат под длабоката сенка пред портите од своите домови и љубопитно ве набљудуваат додека вие поминувате по улицата.


На Галичник со сигурност ќе најидете на прашањето: Од каде си ти чедо?

Се со цел да ве поттикнеме да го посетите Галичник додека е се уште жешко (а читајте таму ќе имате доста пријатни ноќи) нашата база се збогатува со уште едно уникатно сместување чиј поглед од прозорците вреди историја.

Нашиот тим е среќен што домаќинот Бошко ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк. Неговиот дом од денес може да го резервирате со еден клик преку нашата база на приватни сместувања.


Галичка куќа: Лепчески се состои од две соби. Во секоја до собите има три кревети, од кои еден брачен и два единечни кревети. Куќата располага со прекрасен двор каде може да се направи вкусна храна и извонредни специјалитети од овчо галичко сирење кое го произведуваат самите домаќини, а за кое ќе пишуваме во текот на наредните денови.


За оние кои се заинтересирани да го посетат Галичник треба да имаат предвид да ги посетат црквите кои се наоѓаат во Галичник, да го посетат музејот, а и да појдат до местото викано „Укален“ од каде има прекрасен поглед кон планините Кораб и Стогово како и кон реката  Радика. Овде не се изоставува ниту црквата Св. Петка која се наоѓа на другата стеана на планината Бистра која е на само 5 километри оддалечена од Галичник.


Исто така, во базата „Каде Овде“ може да резервирате тура за јавење коњи на Галичник.

Како јаготка на шлагот е фактот што домаќините дозволуваат влез на домашни миленици. 

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.