25.01.2021
Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите
Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите
Добар
понеделнички ден. Нашиот тим денеска ве запознава со Биле и Сашо, кои се само
љубители на она што треба секој да го почитува и цени- природата.
Доказ дека сите учат и менуваат навики додека се живи е приказната на овој брачен пар, кој во изминатите 10 години, успеал да научи многу за убавините на природата и за позитивната страна од патувањето.

Нивните чекори во
изминатите две години може да се следат на интернет. На фејсбук страницата,
инстаграм профилот и јутуб каналот „Travel and Enjoy & Nedogledija“.
Биле, со која успеавме да стапиме во контакт, вели дека некаде пред дваесеттина години, започнале поинтензивно да шетаат, по Македонија, по околните држави и не само за годишни одмори, туку го користат секој викенд и секое слободно време некаде да залутат. Самите се изненадиле од убавините на природата и сето она со кое располага нашата земја.

Како што вели таа, сфатиле дека Македонија не е само планини и езера, туку
е и водопади, и пештери, чудни геолошки форми и прекрасни вештачки
езера, чудесни села и неброени историски објекти, археолошки наоѓалишта и ред друго.

Биле вели дека пријателите
ги поттикнале да направат профили на социјалните мрежи каде би можеле да ги
споделуваат сите фотографии и видеа од убавините на Македонија. Направиле фејсбук страница, Јутуб и Инстаграм профили именувани како „Travel and Enjoy & Недогледија“. Самото име укажува на нивниот стремеж кон недогледите во
секоја област, нешто што нè движи напред.
Низ разговорот ни
потенцираа доста места кои ги препорачуваат за посета. За нас познати се Камените
кукли во Кратово, но малкумина слушнале за останатите вакви форки како што се-Ѓаволскиот
Ѕид, Богословец, кањонот Камник, литотелмите во Страцин, камените топки во
Горно Кратово.

На прашањето да ни ги одвојат трите омилени села во Македонија. Тие ни
направија селекција на три групи на села кои вреди да се посетат. Овде се:
Oвчеполските ридски села. Прекрасна архитектура на селска
куќа, широки погледи од чардаците, бескрајни полиња со жито, сончогледи и други
култури. Во ова група ги издвојуваат
селата Малино и
Павлешенци.

Мариовски села - Напуштеноста на овој простор ги конзервирала селата во
време од минатиот век е на некој
начин музеј на отворено. Во комбинација со карактеристичниот ридски
карпест пејсаж пресечен со текот на рекичките даваат прекрасно чувство на мир,
спокојство и поврзаност со природата. Во ова група ги истануваат селата Зовиќ, Штавица, Бешиште, Полчиште и Манастир.
Селата во областа АЗОТ – Велешко! Чист
воздух, зеленило, прекрасни стари куќи со примеса на староградска архитектура,
голема културна традиција. Овде ги
истакнуваат селата
Теово, Богомила, Нежилово и
Папрадиште.

За нив селата се богатство во
Македонија. Секој реон - поинаква приказна. Даваат голем капацитет за селски
туризам, за планински туризам, за ридски и планински велосипедизам, манастирски
туризам, подготовка на здрава, традиционална храна но има уште многу, многу
работа за нивна промоција.
Биле советува да се чува природата и да не се фрла
отпадоци. Исто така советува дека на една дестинација треба да и се вратите
повторно, бидејќи секогаш има нешто ново што треба да се виде.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.