24.04.2020

Чешка од вечерва ги отвара своите граници: Граѓаните ќе може да користат и летови!

Чешка од вечерва ги отвара своите граници: Граѓаните ќе може да користат и летови!

Чешката Република од вечерва ги отвара своите граници за излез од државата и патување во странство после успешниот пресврт, откако бројките покажуваат пад на стапката на нови инфекции од „Ковид-19“.

Овој потег, кој го најави министерот за здравство, Адам Војтич, претставува изненадувачка промена за земјата која беше меѓу првите кои ги затворија своите граници на 16-ти март.

(ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат)

„Може да се патува во странство, а ако сакаат дури и на годишен одмор. Но, битно е кога граѓаните ќе се вратат дома да останат во двонеделен карантин, или да докажат дека се негативни на Ковид-19 со вршење на тест“, изјави министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех.


Лица во ред чекаат тестирање за Ковид-19 во Прага на 23.04 Photograph: Gabriel Kuchta/Getty Images

Со цел да не ја зголемат бројката на инфекции, заменик-министерот за здравство, Роман Пиммула, најави дека задолжителното носење маски  ќе остане на сила барем до крајот на јуни. Што се однесува за движењето низ земјата, државата ги ограничува граѓаните на бројка од 10 лица, која претходно беше сведена на двајца.


МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола


Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти


Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје


Можни се здравствени пасоши за летување во Грција: Задолжително тестирање




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.