14.04.2024
Селска викендица во село Бадар идеална за цело семејство
Селска викендица во село Бадар идеална за цело семејство
За сите вас
кои сте заморени од градските
вреви и секојдневните обврски кои непрекинато ве опкружуваат, тимот на Кајак.мк
прави напорти се со цел да ги пронајде
сите селски викендици кои се опкружени со многу зеленила, а во кои можете да побегнете
барем на викенд и да ги наполните вашите батерии.
Од денеска нашиот
свет го надополнуваме со уште една таква викендичка. Ве водиме во
село Бадар, поточно во населбата викана „Зад Град“ во близина на Катлановска Бања, каде запознавме
уште едни домаќини кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк.
Оваа шармантна викендица располага со две удобни соби, секоја опремена со по еден единечен и еден брачен кревет, што овозможува сместување за до 6 лица. Замислете како утрото се будите со пеење на птиците, а денот го поминувате во недопрена природа, што ја исполнува душата со мир.

Иако викендицата не нуди Wi-Fi, многумина од нашите
патувачи/авантуристи велат дека тој момент се покажува како благослов. За оние кои сакаат да се ослободат
од дигиталниот свет и да се посветат на вистинските вредности: квалитетно
поминато време со саканите лица, прошетки по обележани патеки, или возење
велосипед кон Црн Врв се само
дел од предлозите кои може да ги уживаат овде. Природата околу
Бадар е исполнета со пешачки и велосипедски патеки, идеални за истражување и
авантури.
Можете да одвоите време за посета на термалната бања со Спа
центар, да го посетите висечкиот мост или да организирате пикник на брегот на
реката Пчиња. Секоја активност ви нуди шанса да се поврзите со природата и да
заборавите на секојдневниот стрес.
Вашите домашни миленици се исто така добредојдени во
викендицата, што ја прави оваа дестинација уште повеќе привлечна за целото
семејство. Повеќе информации, фотографии како и опција за Он-лајн резервација
можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.