28.03.2020
Хамбургер во форма на коронавирусот стана хит во Виетнам
Хамбургер во форма на коронавирусот стана хит во Виетнам
„Ако сакаш да го победиш, мораш прво да го изедеш“ е рекламниот слоган на еден готвач во Ханој, кој реши да ги орасположи жителите на престолнината на Виетнам, така што почна да подготвува хамбургери во форма на коронавирусот.
Со овој чекор, готвачот Хоанг Тунг ѝ се насмеа в лице на пандемијата, оценува агенцијата „Ројтерс“ и додава дека неговиот тим со денови работел за да дизајнира хамбургери од зелен чај со мали круни од тесто, за да личи месото на коронавирусот.
– Ја направивме оваа шега, со идеја дека ако се плаште од нешто треба да го изедете – вели Тунг, а пишиува Нова Македонија
Тој дополнува дека, меѓу другото, и поради овој маркетиншки трик, коронавирусот во неговото опкружување веќе не им бил толку страшен на луѓето. Како што се наведува, неговата кујна продаваа и по 50 вакви хамбургери на ден, иако други слични продавници, токму поради пандемијата се затвораат секојдневно во Виетнам.
Еден од купувачите на овие оригинални хамбургери изјавил оти токму ваквиот облик им го крева моралот на луѓето.
– Овој коронавирус е многу опасен. Меѓутоа, ако јадете вакви хамбургери тоа изгледа како да сте ги победиле – изјавил купувачот.
Во оваа држава засега се регистрирани 150 случаи на заболени од ковид-19, но досега нема ниеден смртен случај.
Извор на веста: https://www.novamakedonija.com.mk
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
- Google Earth нуди живописни виртуелни тури на 30-те најпознати места од светското наследство
- 9 начини да ги научите вашите деца за светот без напушање на домот!
- Најдобрите филмови и серии за патување кои треба да се погледнат во моментов
- 7 начини како да патувате без напуштање на домот
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.