26.12.2021

Дрвена планинска вила со камин и природно езерце во самиот двор

Дрвена планинска вила со камин и природно езерце во самиот двор

Ако има прашање кое денес често го поставуваме, тоа е прашањето: Каква музика би слушале со вашите најблиски додека престојувате во оваа уникатна планинска дрвена куќа која е изработена од природни материјали? Какви мисли ќе ви поминуваат низ глава додека уживате со чајот во рака и со поглед вперен кон природата која ве опружува или пак кон природното езерце коешто се наоѓа пред самата „Вила Гора“?


Без разлика каков и да е одговорот, тимот на Кајак.мк е среќен што од денеска ви обезбедува уште една уникатна вила на 1050 метри надморска височина и на само еден километар од граничниот премин Делчево.


Регионот кој никогаш не би помислиле дека нуди вакви уникатни сместувања, сега станува атрактивен за многу авантуристи поради планинарските и велосипедски патеки по кои може активно да ги исполните вашето слободно време и секако поради ниските цени кои може да си ги дозволи скоро секој. 


Домаќинот Далибор вели дека објектот во моментот го резервираат луѓе кои сакаат да уживаат во природата, сакаат да ја заменат градската канцеларија со привремена планинска канцеларија од каде ќе може да работат он-лајн.


Она на кое тој е фокусиран во моментот е изградба на визба во карпите каде ќе може да се дегустира вино и ракија, како и изградба на сауна која ќе биде во склоп со објектот.


Вилата има две спални соби, огромен салон од 40 метри квадратни, опремена кујна и купатило. Има wi-fi за луѓето коишто сакаат да работат од лап-топ, а исто така има и прекрасен камин.

Знаеме дека сакате да дознаете повеќе информации за вилата, да погледнете повеќе фотографии и да извршите резервација. За повеќе информации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Biljana Jovchevska

    28.06.2022 12:20

    Sredeno,mirno I ushte poubavo od ova na slikite.

  • Marija Manevska

    11.01.2022 16:41

    Prekrasno mesto za uzivanje so semejstvoto...topli preporaki od iskustvo

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.