19.06.2021
Апартмани во Пехчево идеални за истражување на регионот
Апартмани во Пехчево идеални за истражување на регионот
Ни доаѓаат многу слободни викенди во текот на летото. Без разлика дали ќе го поминете вашиот летен одмор на езеро, море или пак можеби океан, секогаш ќе се најде слободен викенд за да го посетите Пехчево, макар и на два дена.

Без разлика што станува збор за мал град, Пехчево има многу што да понуди. Овој регион е идеален за активен туризам, почнувајќи од планинарење, велосипедизам по велосипедските патеки, посета на пехчевските водопади, истражување на планината Кадиица или пак посета на Беровското езеро кој е на 10 километри од сместувањето. Пехчево е одлично за семејни викенди, место каде вашите деца ќе бидат физички активни и ќе ги наполнат батериите.

Во базата на Кајак.мк од денеска е присутен и домаќинот Ѓорѓи, чии апартмани се идеално дизајнирани да ви дадат до знаење дека вие се наоѓате во планински град.

Ѓорѓи вели дека престојот во апартманите е со вклучен доручек. Она што го прави уникатен престојот е самиот доручек бидејќи е исполнет со традиционална храна и локални намирници кои растат на ова поднебје. Ако има што кое треба да се проба е секако пехчевското сирење кое се служи за време на доручекот. Наш совет е да го посетите Пехчево и да ги наполните батериите со вкусната локална храна.
Објектот со кој располага Ѓорѓи има шест соби од кои четири се двокреветни, а две се апартмани за семејство или четирикреветни.
Доколку сакате повеќе информации од апартманите, фотографии, цени и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.