23.11.2020
Александар ја направи најубавата есенска фотографија од Солунска глава!
Александар ја направи најубавата есенска фотографија од Солунска глава!
Тимот на Кајак.мк му се восхитува на Александар Алексовски кој е типичен ентузијаст, планинар и љубител на (ние би рекле) екстремните фотографии. За да направите добра фотографија не е потребна само уметност, туку и храброст.
Како што ни раскажува тој доста време ја чекал ова прилика да ја фотографира убавицава (Се мисли на Јакупица). Кога му се укажала ова прва прилика со нетрпение очекувал да се искачи и да се восхитува на прекрасниот поглед кој претходно го гледал само на фотографии.
По искачени 2540 метри надморска височина, тој очекувал да виде сонце, но она што го дочекало таму горе бил силен ветер од кој се губи и рамнотежа во расчекор, а облаци само далеку на хоризонтот.
Тој ова го нарекува „кулминација“ и вели: „Нетипичното сценарио за оваа планина со класичен драма жанр, дури да не ти се верува да помислиш си ја промашил претставата и си влегол во погрешната сала. Си велиш на симнување ќе се промени прогнозата, променлива е климата на оваа висина. Не!! Не сака да попушти ниту сонцето, ниту ветерот. Толку силно дува што облаците немаат прилика да не подружат, да се задржат покрај работ на карпите како обично што знаат“.
Вториот обид кој го прави по две недели и како што тој го нарекува „Успешниот обид“. Нејзиното височество во полн сјај, облаци на ивица од провалија, апарат спремен во рака и насмевка широко оптегната на ликот. За него расплетот е тоа што успеал да се „чекира“ на Солунска Глава која му е дел од листата за патување, исполнета душа со прекрасно искуство, мемориска картичка со премногу добри фотографии и сите среќни и задоволни.
Александар можете да го пронајдете на инстаграм како @a.aleksovski, затоа што вреди да се следат ваквите луѓе.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.