13.10.2020

Вила идеална за бегство: Еко туризам во село Брајчино

Вила идеална за бегство: Еко туризам во село Брајчино

Доаѓаат досадни периоди. Топлите денови полека ги оставивме позади нас, а есента е се уште овде. Додека трае, добра идеја е да се искористи нејзината предност на вистински начин. Дали посакале да се отцепите во село во кое живеат 80 лица? Наш еко предлог за добро авантуристичко патување е село Брајчино кој се наоѓа во пазувите на планината Баба.

 Место кое е доста туристички развиено во текот на летото, а спокој во зима. Непосредно до селото се наоѓа Преспанското езеро и националниот парк Пелистер. Се наоѓа на надморска височина од 1000 метри, обраснато со борова и дабова шума. Tаинственост и спокој нарушени од жуборот на Брајчинската река.

Во Брајчино се наоѓа приватната вила „ЛиваЕ“ која е во непосредна близина пак на Брајчинската река, има прекрасна градина во која се наоѓа ресторан со традиционални македонски специјалитети и пијалоци. 

Вилата „ВилаЕ“ располага со 8 легла, заедничка кујна, дневен простор и бања. Во неа може да се сместат до 8 лица. Има 3 спални соби со вкупно 8 кревети и една бања со тоалет. Според наводни информации на одредени читатели/патници на Кајак.мк кои ја посетиле ова вила, нашиот тим е информиран дека сопствениците живеат во самата вила. 

Овој период е поволен за да го посетите Брајчино поради зрелите и свежи јаболки кои растат во околината. Самата местоположба е воздушна бања исполнета со богата флора и фауна. 

Вилата можете да ја резервирате на: 071-339-942


ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Дали сте слушнале за Длабок Дол: Уникатно место во Македонија



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.