20.09.2021

Вила со базен, тениско игралиште и огромен приватен имот

Вила со базен, тениско игралиште и огромен приватен имот

Она на кое сме горди ние како тим на Кајак.мк е фактот дека успеавме да изградиме едно ново движење, односно да ја акцентираме приватноста на туристот и потребата да се изолира од работниот хаос и секојдневните обврски кои ги има.


Драго ни е што се повеќе домаќини се одлучуваат да ги отворат своите врати за светот на Кајак.мк во кој патувачи се луѓето кои знаат да ценат труд, успех и да ги поддржат локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија.


Денеска ќе ве запознаеме со домаќинката Сашка, чија вила со базен и раскошен двор се наоѓа во туристичката населба „Шупли Камен“ која како дестинација е идеална за брзи и кратки викенд одмор, за пресој на подолг период или “преселување на вашата он-лајн канцеларија“ марак на еден месец.


На само 50 метри од вилата тече реката Пчиња, а во околината во која се наоѓа вилата има прекрасна шума низ која има стаза за пешачење.

Вилата има свој базен на отворено кој може да се користи во текот на летната сезона, тениско игралиште кој исто така е достапно за гостите додека траат топлите денови.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“

„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.

Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима

Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.