02.06.2020
Грција со нов протокол за плажите, дистанца од 4 метри меѓу чадорите
Грција со нов протокол за плажите, дистанца од 4 метри меѓу чадорите
Грчката влада денеска усвои нови мерки на однесување на плажите ширум земјата, а некој од нив подразбираат дека на плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни, како и дека минималната дистанца меѓу чадорите мора да биде четири метри.
Тие мерики ги усогласија министрите за развој, цивилна заштита, правда и внатрешни работи, а поради спречување на ширењето на корона вирусот.
На сила и натаму останува забраната за пуштање музика, организирани настани, употреба на баровите, додека е дозволено да се пијат кафе и сокови. Дозволена е употреба на еден чадор на две лежалки, со исклучок на семејство со мали деца, а дистанцата меѓу лежалките треба да биде најмалку 1,5 метри. Не се дозволени тимски спортови на плажа, односно спортови со директен контакт.
Може да се користат спакувани производи, додека на продавниците блиску до плажата, мора да имаат каса на отворено, а вработените да носат маски. Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, и затворање на локалите од 15 до 20 дена.
Извор: fokus.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.