29.01.2022

Село Тајмиште: Вечен чувар на традициите и обичаите

Село Тајмиште: Вечен чувар на традициите и обичаите

Сигурно за дел од патувачите на Кајак.мк ќе им биде познат називот Тајмиште, но за останатите ова ќе биде прва прилика да се запознаат со селото кое со години ја чува и негува традицијата во Западна Македонија.

Селото Тајмиште е планинско село сместено во подножјето на планината Бистра помеѓу Гостиварскиот, Кичевскиот и Мавровскиот крај, под планинскиот превој Стража.


Се наоѓа на надморска височина од 1000 метри, а тамошните селани го поделиле на горно, долно и средно маало.

Во минатото селото броело околу 350 куќи, но со заминувањето на печалбарите бројката на жители драстично се намалила. Денеска може да се каже дека селото има околу 100 активни домови. Но и покрај намалената бројка на жители, Тајмиште е дестинација која вреди да се посети.


Селото е предлог дестинација од тимот на Кајак.мк, која мора да биде дел од вашата листа за пролетни викенд патувања.

Селото изобилува со доста природни ресурси. Низ него течат 3 реки, а недалеку од него се наоѓа мало езеро опколено со густ шумски предел и неколку долини кои се мелем за душа, а каде може да се ужива во звукот на птиците и реката.


Покрај природната убавина, село Тајмиште ги почитува и чествува обичаите за време на религиозните празници.

Ние разговаравме со Емилија Данилоска, која се покажа како одлична промотерка и ни раскажа збор два повеќе за историјата на местото.

Емилија вели дека мештаните и оние кои потекнуваат од овој крај секоја година се собираат во селото за време на празниците Петровден и Водици.


Фотографиите кои ги гледате се направени за време на празникот „Водици“ кога секоја година по обичај трите маала си избираат свој кум.

Обичаите започнуваат еден ден пред Водици, откако старите кумови ќе ги исукаат црвената и белата врвка и ќе ги прикачат на чесниот крст. Од рано наутро в зори одекнува пеењето на песната „Во Јордание“ која мажите од селото ја изведуваат по три пати во секоја куќа со желба за здравје, радост и бериќет.


Ваквите луѓе кои ги посетуваат домовите се нарекуваат „Крстари“. Во секој дом се пречекани од со посна трпеза и заедно со старите кумови ги полнат своите дисаѕии (или плетени торби) со храна која ќе им ја дадат домаќините. Дали е тоа јаболко, костен, орев или слично.

Откако ќе завршат со посетата на домовите, крстарите се упатуваат до селската црква Св. Апостостоли Петар и Павле, каде повторно се пее „Во Јордание“ и каде го оставаат крстот да преноќи.


Наредното утро или на денот на Водици, кумовите делат погача, греана ракија и расол, а младите невести и девојки се облекуваат во тајмишката носија во знак на свеченост и почит кон светиот крст.

Можеби Водици е празник за кој ќе треба да почекаме скоро цела година за да појдеме во селото, но затоа Петровден е исто така значаен празник кој може да го поминеме во Тајмиште.


Емилија ни раскажува дека другиот најсвечен ден во Тајмиште е Петровден или селската слава.

Петровден е празник на истоимената црква во селото, а во минатото на обој ден традиционално се оддржувале венчавките.

На селската слава целото село е весело и го слави Петровден со традиционалните „зурли и топани“ (зурли и тапани). Свадбите во Тајмиште во минатото траеле и до 7 дена на кои им претходеле 3 веридби (збор, мала веридба и голема веридба или веридба каква имаме денес) со карактеристични обичаи за западниот дел од Македонија.


Селото Тајмиште го препорачуваме на луѓето кои се љубеници на македонската традиционална носија и секако вкусната храна.  Носијата во село Тајмиште е богата, раскошна и свечена носија која е сведок на долгото постоење на Тајмиште


Женската носија во Тајмиште е различна за секоја девојка, па облеката се одредува според нејзините години и тоа дали е мажена. Повозрасните мажени жени се облекуваат идентично со тоа што носат џемпер и џамадан, наместо невестинска антерија. На главата носат жолта шамија која означува дека станува збор за повозрасна жена, или кафеава која ја носи само стара жена.


Сите манифестации и прослави во Тајмиште ги органзира самото село, додека како гости се добредојдени сите.

Остави Коментар

Коментари

  • Mice Nikoloski

    29.01.2022 23:02

    Preubavo

Прочитајте повеќе

Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија

Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.

Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk

Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.

5 скриени села во Македонија каде времето застанало

Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница

Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.

10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите

Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.