16.03.2021
Жени од руралните радовишки села преку својот занает го промовираат регионот
Жени од руралните радовишки села преку својот занает го промовираат регионот
Доаѓа
пролет, се кројат лозјата кои треба да дадат нов род, а се кројат и плановите
за тоа каде да патуваме периодот кој ни доаѓа.
Еден од регионите кој можеби ретко го промовираме на Кајак.мк е радовишкиот регион, кој дефинитивно не е за потценување. Не е за потценување ниту одлучноста на жените од „НВО ОЖ Деница“ кои наоѓаат начини за промоција на регионот преку своите активности и нивното секојдневие.

Разговаравме
со Вера Ристова, жената која ни одговори на повикот и ни го долови на дланка Радовиш таков каков што навистина е.
Ристова вели дека за неа најголеми промотори на регионот се и ќе останат жените кои неуморно творат на ова поднебје. Нивното друштво веќе години наназад го промовира регионот на разни начини, а учествува и на многу работилници кои се организираат се со цел да го пренесат знаењето на помладите генерации.

Радовиш е град со микс на култури и етникуми. Особено внимание привлекува традиционалната кујна која може да се пофали со неколку специјалитети. Мирисот на самуните испечени на жар, афионовата сол и татлијата која се подготвува овде се дел од вкусните симболики на градот.

Многумина
од вас се прашуваат што е
тоа самун или
татлија, па затоа ќе се обидеме да ви дадеме објаснување во кратки црти.
Самунот се подготвува од тесто кое се става во земјен сад. Откако ќе отстои тестото, со рацете се растрга и се прави во елипсовидна форма со подигнати краеви и на него се реде ситно исечкано свинско или пилешко месо, сирење, јајца или радовишкиот специјалитет Саздрма. Сето ова се намрсува со свинска маст и се пече во традиционална фурна, што му дава извонреден вкус.

Што се однесува пак до татлијата овој специјалитет се подготвува со пресно сирење, чиј вкус е одличен и лесно прифатлив за јадење. Штом дојде пролетта радовишани започнуваат со подготовка на таттлии со пресно сирење. Најчесто ја подготвуваат за Прочка и Велигден. Татлијата има темна боја одоздола и одозгора и жолта – килибар во средина, секако доколку се прави по старинскиот рецепт. Старите велат дека што подолго стои толку е подобра, но со ограничен рок.

Вера раскажува дека организацијата жени приготвува разни видови традиционални јадења. Жените најчесто се присутни на традиционалните настани во Македонија, Бугарија, Туриција и други соседни земји.

Доколку сакате да ги запознаете, можете да ги најдете на велигденските средби во манастирското село Ораовица. Во ова село секоја година, по повод верскиот празник Варвара се собираат и делат лепче со паричка на секоја од членките, а таа која ќе го има „к’сметот“ во неа да се падне паричката, се назначува како организаторката на настанот за наредната година.

Горди
се на „Радовишките марифети“ на кој настан секоја година се организираат
работилници за традиционални рецепти, работилници за вовед во пчеларството,
производство на сирење, обработка на волна, копаничарство, грнчарство,
запознавање на лековити билки и ред други локални занаети.
Во организацијата членува жена од село Габревци која го научила занаетот со грнчарството од својот татко.

Селото Грабревци во целата околина на Радовишко е најпознато и најпрочуено по развиеното грнчарство. Порано со изработка на грнчарски садови се занимавало секое домаќинство, а нивните производи се продавале во сите радовишки села, самиот град Радовиш. Но со развојот на индустријата, до 1980 година останал само уште еден грнчар во селото Габревци. Јасен доказ за силно развиеното грнчарство во Габревци е фактот што во народните игри и ора од селото играорките играат со стомна полна со вода од 12 литри на главата.

Ристова вели дека драга и ценета манифестација на која земаат активно учество е „Самун ем Татлија“ која градот Радовиш ја организираше се до почетокот на пандемијата. Овој настан секоја година собира огромен број туристи од државата и странство.

Според Вера, самунот, татлијата и к’цаната сол од афионово семе се нештата кои
привлекуваат најголемо внимание кај туристите, а „Каднка Радовишка слатка“ им
доаѓа како шлаг на тортата.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.