29.03.2020

Патувајте од дома: Предлог филмови од неанглиско говорно подрачје!

Патувајте од дома: Предлог филмови од неанглиско говорно подрачје!

Постојат филмови за патувања, а потоа има и филмови што ве транспортираат од домот до одредена локација и на одредено време. Овие филмови коишто првиот агрегат за патување во земјава Кајак.мк ви ги препорачува ќе ви помогнат да патувате во Италија, Шведска, Кореа, Бразил, Шпанија и уште многу други земји. 

Parasite (Јужна Кореа, 2019)

За оние кои сè уште не ја гледале оваа наградувана приказна ова е вистински момент да го сторите тоа. Слободното време искористете го за еден ваков оскаровец. 

Atlantics (Сенегал, 2019)


Можеби многумина од вас кои ќе го изгледат овој филм ќе кажат дека никогаш не ни гледале друг филм како Атлантик. Полу- хорор приказна за двајца тинејери Суљеман и Ада, кои работат во предградието на Дакар. Нивната тајна врска е прекината кога Суљеман како градежен работник е во потрага по друга работа. 

Shoplifters (Јапонија, 2018)


Излегува дека понекогаш мора да го избереме нашето семејство. Таков е случајот со Шоплифтерс, каде ќе доживеете една несреќа во семејството на едно дете кое е малтретирано.

Aquarius (Бразил, 2016)


Овој француско-бразилски филм, во режија на Клебер Мендонша Фило, ја раскажува приказната на  65-годишната вдовица, Клара (која ја игра Соња Брага), додека таа сака да го задржи имотот додека останатите сакаат да го срушат за да изградат станбена зграда.  

Io Sono l'Amore (Италија, 2010)


Лука Гвадањино освои многу пофалби за ова приказна поврзана со русинка која е омажена во италијанско семејство. Преку филмот ќе се запознаете со миланската култура.  

Let the Right One In (Шведска, 2008)


Можеби е најдобриот вампирски филм досега направен (извини, Самрак). Заплетот се фокусира на пријателството помеѓу малтретираното 12-годишно момче и детскиот вампир надвор од Стокхолм - приказна која под еднакви делови е романтична, застрашувачка и чудно слатка. 

Devdas (Индија, 2002)


За разлика од серијалите коишто ги гледаме на нашите телевизии, Индија може да се пофали и со квалитетни играни филмови. Таков е и Деваш, филм кој има многу драма, боја, танцување, пеење, неверојатен сет дизајн и кинематографија. 


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.