06.09.2022

Ја промовирам убавината на Кавадарци преку мојот објектив

Ја промовирам убавината на Кавадарци преку мојот објектив

Во Македонија ќе запознаете доста фотографи кои несебично ги споделуваат своите дела на социјалните мрежи, а дел од тие фотографи нив за тимот на Кајак.мк претставуваат вистински промотори на туризмот во државата.

Ние во Кајак велиме дека добрата приказна и добрата фотографија се главните двигатели на туризмот во една земја, а тоа го тврди и Ристе Стамаџиев од Кавадарци, чии фотографии се дел од календарот на општината, кој е создаден со цел да ги промовира убавините на Кавадарци и околината.


Утре (07.09) со почеток во 18:00 часот, Ристе ќе има своја ликовна изложба во музеј „Галерија“ во Кавадарци, а во пресрет на ликовната изложба, ние разменивме еден лаф-муабет со него.

Ристе вели дека љубовта кон фотографијата ја имал отсекогаш, но таа била сокриена во него. Првиот сигнал дека фотографиите кои ги прави се прекрасни ги добива од позитивните критики од неговите блиски пријатели и познаници, што го поттикнало да започне да се занимава професионално со фотографирање.


Денеска, Ристе создава фотографија која вреди 1000 зборови. Има своја опрема, професионален апарат и голема самоиницијатива да фотографира прекрасни предели во Кавадарци и околината.

За Кавадарци и Тиквешијата вели дека се прекрасен крај кој инспирира во секој поглед. Прекрасно место за живеење кое изобилува со знаменитости значајни не само за овој крај туку и за македонската историја, култура и традиција, што според него се главната причина која го инспирира.


Ристе вели дека неговиот дом е Кавадарци и никогаш не би го сменил. Но не само градот, туку и целиот регион, почнувајќи од Тиквешкото езеро кое е дел од неговите фотографии, како и навивачката група „Лозари“ поради која го засакал „ултрас движењето и начинот на живеење“.

Што се однесува до омилените ќошиња и локации за сликање, Ристе го истакнува „Тиквешкото езеро“ кое според него е број 1 на листата. Особено зајдисонцата и изгрејсонцата, кои се магични. Тука се и винариите, летувалиштето Михајлово на планината Кожув, Моклиште и градскиот парк кој е најголемиот парк во Македонија и е на неколку нивоа и споменикот Костурница од каде се гледа панорама на целиот град.


Во пресрет на утрешната изложба, Ристе вели дека датумот е одбран со симболика, затоа што на 7-ми септември 1944 година е ослободено Кавадарци и како таков датум за него има огромно значење. На изложбата ќе има околу 40 фотографии од различни локации низ Кавдарци. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.