28.06.2022

Етно куќа со гостински соби во село Рамне достапни за престој

Етно куќа со гостински соби во село Рамне достапни за престој

Денеска имаме повеќе убави четива кои ги споделуваме со вас, а сите три четива се поврзани со уникатни сместувања кои се наоѓаат на симпатични надморски височини каде ветрето и ноќите имаат улога да го изладат насобраниот работен стрес од сите нас.

Среќни сме што нашите локални херои „Пирустија Неданоски“ за кои сме пишувале доста, од денеска имаат уникатно сместување во новите етно гостински соби во село Рамне.


Домаќините се потрудиле да ја зачуват автентичноста на старата куќа, а да ги вметнат сите неопходни елементи кои ќе ви го овозможат престојот пријатен. Реновирано купатило, нов под над кој виснат страри симболични елементи, широки прозорци кои лесно ја внесуваат природната светлина внатре, какои традиционален дрвен балкон на кој можете да го пиете вашето кафе слушајќи го звукот од птиците.


Сместувањето се наоѓа во Националниот Парк Галичица. Околината е чиста, со богата природа и изобилува со многу вода. Во текот на летната сезона може да најдете многу бобинки и овошки, може да прошетате низ селските ливади, градини и лозја.


Вљубениците на добриот залак треба да знаат дека домаќините се дел од нашта база на „Гастрономија“, а кои се вистински мајстори кога станува збор за подготовка на домашна традиционална храна од локален и сезонски зеленчук и овошје.


Оние пак љубопитните кои сакаат да го истражат регионот, треба да знаат дека во околината се наоѓа црквата Св. Илија, манастирот Св. Атанасија, Хидроцентралата која може да се посети, шума со обележани пешачки и велосипедси патеки. Исто така недалеку од овде се Летничките извори, месноста Поник, селото Велестово по селски пат како и селото Велгошти по селски пат.


Природата која го голта селото претставува воздушна бања, на само 3.5 километри од Охрид кој јасно се гледа заедно со езерото.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Biljana Ristovska

    29.06.2022 23:56

    Koja e cenata od prenokiste

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.