20.12.2022
Престојувајте во вила која нуди доза кислород
Престојувајте во вила која нуди доза кислород
Далеку е пролетта ако останете заклучени дома и постојано се жалите дека зимата не ни е во полза за патување и истражување. Вила Срна е нашето 410-то сместување кое го додаваме во базата на приватни сместувања и кое има за цел да ве поттикне да излезете од дома и да ја искористите предноста на зимата. Јеп, успеавме да изградиме база со над 400 сместувања во Македонија кои се доказ дека и во сопствената земја има каде да уживате.

За многумина од вас е добро позната туристичката населба Абланица која се наоѓа недалеку од Беровското езеро, а за оние кои првпат слушаат за неа, тогаш нека не се двоумат дали да ја посетат, бидејќи таа е прекрасна во текот на цела година. Да не заборавиме да потенцираме дека овде поминува еден од коридорите кои соодржат најголема количина кислород.

Населбата е лоцирана
на двете страни од реката Брегалница и на 2 километри од градот Берово.
За оние кои ќе се одлучите да престојувате во Абланица (без разлика дали во вила Срна или во останатите вили кои ги имаме во базата), треба да имате предвид дека овде се наоѓа црквата Св. Петка која има прекрасен фрескопис и иконостас кој е изработен од локалните уметници.

Денеска во
населбата има над 150 викеници. Исто така, оттука поминува пешачката патека
која е долга 4 километри и која ја поврзува Абланица со туристичката населба
Равна Река која е пак во општина Пехчево. Тука се наоѓа и патеката која ги
поврзува градот Берово- Албаница- Беровско езеро.
Вила Срна е лоцирана во Абланица. Со простран двор во кој има многу дрвца и садници, оваа вила е идеална за друштво или фамилија до 8 лица. Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација на вилата кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.