29.08.2021
Дедино: Историското село проголтано во природа
Дедино: Историското село проголтано во природа
Еко караванот на Кајак.мк за промоција на македонските села, одлучи да направи кратка пауза во селото Дедино. Во продолжение на четивото, ќе ви пружиме дупла доза зеленико и спокој.

Македонија има села кои мора да бидат на вашата листа за посета. Меѓу многуте села, тимот на Кајак.мк избра да ви раскаже за селото Дедино, кој се наоѓа во регионот на Радовиш. Со помош на фотографиите на Мартин Илиев ќе се обидеме да ве поттикнеме да го посетите ова скромно селце кое се наоѓа на 650 метри надморска височина.

Мартин вели дека околината на селото изобилува со фантастични места на кои може да се организира еднодневен пикник, а самото село е атракција низ која вреди да се испешачете.

Селото дедино е дел од општината Кочне, а е познато како значајно место од времето на Илинденското востание, кога во него била изградена пушкарница, а добар дел од населението директно учествувало во востанието.

За селото се врзуваат неколку историски настани како што е изработувањето на првите бомби. Работилницата за рачни бомби во селото била отворена кон крајот на 1896 година, но била затворена во ноември 1897 година.

Во време на
национално-ослободителното револуционерно движење во селото Дедино отседнале и
престојувале двајцата македонски револуционери Гоце Делчев и Јане Сандански.

Имајќи предвид дека во постарите средновековни времиња, владиките се нарекувале дедо, постои можност селото Дедино да било седиште и живеалиште на некој дедо-владика по кој ова место го добива името Дедино.


Денеска, ова село ги почитува своите обичаи и норми. Она што е доста автентично за селото е фолклорната носија и фолклорното друштво кое опстојува повеќе од 40 години.
Интересна е информацијата дека ова село е најголем потрошувач на „Скопско пиво“ по глава на жител во Македонија.
Раскажи ни ја приказната за твоето село, испрати ни информации со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.