22.09.2022
Есенска гастро дестинација: Гостилница „На валајци“
Есенска гастро дестинација: Гостилница „На валајци“
За патувачите- метереопати кои никако не можат да го прифатат завршување на летото и почетокот на есента, тимот на Кајак.мк чувствува одговорност да им изнајде милион предлог дестинации, со кои ќе докажеме дека есента има своја убавина и дека секое годишно време треба да го уживаме со своите предности.

Нам како особено драга есенска дестинација која им ја препорачуваме на сите патувачи е село Слоештица, Демирхисарско. За многумина познато како родното место на Петре М. Андреевски.

Селцето се наоѓа на околу 800 метри надморска височина, опколено со густа дабова шума од Плекенската планина и одличен терен за есенски прошетки и фотографирање на златните бои на есента.

Есента има свој специфичен мирис. Доколку одлучите да го посетите селото, наш совет е пешачете подолго време во природа, како би го почувствувале мирисот на свежиот планински воздух и паднатите лисја.

По завршувањето
со прошетката, нашиот тим ви препорачува да ја посетите гостилницата „На валајци“,
која е правото ехо на минатото за валавиците и водениците.
Гостилницата е изградена во карактеристичен македонски етно стил, а во комбинација со природата ќе ви помогне да заборавите на проблемите и стресот. Овде поминува „Бела Река“, нејзиниот шум додека вие уживате во гостилницата ќе го надополни задоволството.

Она што е уникатно за гостилницата е силното гргорење на водата од Бела Река која паѓа од високо, по две букови цевки, влегувајќи во вртолог кој води до селото.

Ваквите валавици и воденици се изградени во 19-ти век и имале намена да валање на јамболии. Во тогашното време валањето се правело за ресата од ткаената јамболија да се развласи и да се стегне. Денеска домаќините на гостилницата велат дека валавицата во нивната гостилница е останата како примерок кој сведочи за традицијата и начинот на живот од пред втората светска војна.

Во Ресторанот
може да вкусите свинско и јагнешко
печено во фурна на дрва како препорака од тимот на Кајак.мк
Гостилницата„На валајци“
од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а доколку сакате да ја погледнете точната
локација и да добиете контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Hristina Gurkina
30.08.2024 09:43
Благодариме за привлечните информации и за живописните слики. Селото и местото изгледаат прекрасно, вреди да се посетат.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пониква го доби најуникатното сместување досега!
Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк
Зимски активности во Македонија
Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.
Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија
Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.
Новата година кај локален домаќин: зошто сѐ повеќе патници го избираат ова искуство
Дознајте како локалните домаќини во Македонија ја доживуваат Новата година и зошто престојот кај нив нуди поавтентично, мирно и незаборавно празнично искуство.
Нова година далеку од градската врева
Сè повеќе луѓе ја избираат Новата година надвор од градската бучава. Мир, тишина и простор за вистински почеток на годината.