09.07.2020

Јаким: Странски туристи повеќе се заинтересирани за вело туризмот во Македонија отколку македонците

Јаким: Странски туристи повеќе се заинтересирани за вело туризмот во Македонија отколку македонците

Денеска разговарме со Јаким. Човекот кој знае како да создаде нов производ кој ќе го понуди на пазарот, а кој производ ќе биде многу поразличен од другите. Јаким развива вело туризам во Крушево. Тој за Кајак.мк вели дека странци доаѓаат да ни кажат дека не сме свесни за туристичкиот потенцијал кој го имаме.

Здраво Јаким. Во изминатиот период сте доста актуелни по велосипетските тури коишто ги организирате во Крушево. Знаеме дека функционирате подолго време но ете поради затварањето на границите и поголем фокус на домашниот туризам од страна на јавноста, луѓето почнаа да се интересират за тоа што го нудите вие. Би сакале да слушнеме од вас збор два да направиме некоја споредба помеѓу културата за возење велосипед кај странските туристи и домашните туристи.


1. Што е она што е различно кога ќе ве конктактира некој странец, а што ве прашуваат домашните туристи? Што нас како македонци не засега повеќе?

  • Најпрво, сакам да ја поздравам иницијативата на Кајак.мк за несебичното залагање во поромоцијата и развојот на туризмот во Македонија. Ви благодарам и за дадената можност да поразговараме за велосипедизмот или поточно „ВЕЛО-ТУРИЗМОР ВО МАКЕДОНИЈА“. Со оглед на тоа дека статистиките за глобалното затоплување покажуваат дека планинските места под 1500мнв ќе немаат зимска сезона, започнува да се развива трендот за лентите активни одмори на планина, вело-дестинации но исто така вело-сместувањето. Кај нас за жал за овие наведени атракции се уште нема огромен интерес за да се развива како масовен туризам. Македонија изобилува со вакви преубави места за одмор со семејството но за жал не се доволно искористени потенцијалите.

    Странците многу повеќе се интересираат за комплетните понуди коишто им ги нудиме како понуда, почнувајќи од 
    водич, велосипед, оброк, гпс рути, снимки од турата, додека кај македонските гости речиси и да нема заитересираност за ваков начин на искористување на убавините и магичните пејсажи, не само во Крушево, туку и во цела Македонија. Она што треба македонските туристи да го знаат, особено сега во период на пандемија е дека токму ваквите понуди како нашата во Panorama All Seasons adventure треба да се на нивната агенда за летни одмори.


2. Кои тури се омилени кај туристите? Што најчесто бараат?

  • На сите проекти кои сум ги работел секогаш сум размислувал дека треба да создадеш најпрво содржина и понуда за да имаш барање, треба на гостите да им се понуди нешто оригинално и специфично. Така и проектот за Панорама Крушево, ќе создадеме патеки по стандарди како во најголемите летни планински центри како што се Ст. Мориц, Давос, Лензерјде.


3. Имате ли некои предуслови за лицата кои сакаат вакви велосипетски тури?

  • Единствен предуслов е да се има ЖЕЛБА ЗА АВАНТУРИ, од 6 до 66, ако сте спремни за целодневни тури нема услови. Имаме тури за аматери, фамилии, активни рекреативци па и професионалци.

4. Извојте неколку интересни моменти што имаат ви се случено во текот на работата?

  • Поради пандемијата со „Ковид 19“ бевме приморани да ја одложиме втората фаза од проектот, во првата фаза беше запознавањето на швајцарците со Крушево и околината, тука имавме доста интересни моменти. За нив беше огромен предизвик да работат на овој предизвик со ваква дестинација. Го скенираа целиот регион и ни кажаа само дека не сме свесни каков потенцијал имаме. Град напланина и жичарница, исто како нивните преубави села во Швајцарија.


5. Како го доживувате лично вие овој спорт?

  • Го започнав овој спорт во Швајцарија - Лугано, каде живеев 15 години, таму велосипедизмот претставива СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ, секако има и услови за тоа, државата вложува многу пари во велосипедската инфраструктура, за мене велосипедизмот не е само спорт туку и начин на живеење.

6. Што им препорачувате на нашите читатели/патници?

  • Посетувајте ги сите планини, езера, градови и села во Македонија но со велосипед! Во Крушево наскоро ќе има многу содржини за активни рекреативци и фамилијарни одмори во природа.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.